Стартува една од најдобрите лиги на светот

Потрошиле повеќе отколку Примера и Серија А заедно

 |  инфодеск  | 

Отворен е ловот на титулата која лани ја освои Манчестер Сити, а конкуренцијата е просто неверојатна. Во лигата чии клубови трошат далеку најмногу за засилувања, дури пет клубови имаат реални надежи за конечен триумф.

Оваа година се очекува чудесна трка со дури пет ловци на трофејот, а обложувалниците најмногу му веруваат на Челзи. Ако ставите пари на четата на Мурињо, очекувајте добивка од три пати повеќе од тоа што сте вложиле. На Сити кеоефициентот е 3,5, на Манчестер Јунајтед и Арсенал е 6, односно 7, додека најмногу ќе заработите на триумф на Ливерпул.

Фрапантен е податокот дека 20 премиер лигаши потрошија ова лето дури 650 милиони евра или повеќе од Примера и Серија А заедно.

Но, некој тоа мора и да го финансира, а на навивачите не им е мило тоа секогаш да се тие. “Нема причина за зголемување на влезниците. Ако просечната цена во Бундес лигата е 23 евра, не знам зошто кај нас е толку скапо. А Германците се светски прваци! Нека се намалат платите на играчите и на нивните менаџери”, рекол навивачот David Stelling.

“Мислам дека овде се работи за алчност! Навивачите, односот спрема нив и освојување на титулата мораат да бидат поважни од маркетингот и парите”, објаснил навивачот Tony Ridgway.

А ова се топ пет клубови кои најмногу бараат за една поединечна влезница: Најефтината влезница за домашен двобој на актуелниот првак е 55 евра. За посета на Стенфорд Бриџ минимално треба да платите 51 евро, а за Барнли, КПР и Свонси најефтината влезница чини 43 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top