Стартува Лигата на шампиони – анализа

Не се плашиме од Барселона

 |  инфодеск  | 

По два месеца пауза, неделава повторно квалитетен фудбал.

Вторник и среда ќе се сретнат Манчестер Сити против Барселона и Баер Леверкузен против ПСЖ, а во среда Арсенал-Баерн и Милан-Атлетико Мадрид.

Секако во центарот на вниманиеto е средбата меѓу Манчестер Сити и Барселона. Додека беше на клуpата на Реал не успеа да ги запре Каталонците, па Мануел Пелегрини има нова прилика но овој пат на клупата на „граѓаните“.

„Тоа ќе биде прав спектакл. Сигурен сум дека не очекуваат две фантастични средби. Не се плашам од Барселона. Верувам дека имаме квалитетен тим и спремни ги очекуваме Меси и неговота дружина“, рекол Пелегрини и додава :

Доколку сакаш да отствариш врвен резултат во Европа не можеш да ги заобиколиш Барселона, Реал или Баерн“.

Во Барселона ја фалат силата на Сити и квалитетот кој го поседува Етихад. Меѓутоа Жерард Пике им прати предупредување. „Ние сме сепак Барселона. Максимално сме мотивирани и сигурни во својот квалитет. Знаеме како игра Сити бидејќи Пелегрини ја форсираше таа игра и во Виљареал, Реал и Малага. Барселона не е само Меси, доколку тој не одигра како што умее, тука се Нејмар, Чави, Педро, Алексис. Имаме низа од квалитетни опции“.

Двете екипи ја очекуваат средбата во позитивен тон. Граѓаните овој викенд го исфрлија Челзи од ФА купот, додека Барселона го потона Рајо Ваљекано со 6-0. Домаќините ќе бидат без повредениот Серхио Агуеро, но се враќа Самир Насри.

 Уште еден меч привлекува внимание во вторник во кои се среќаваат за прв пат во своите истории, Bаер Леверкузен-ПСЖ. Францускиот првак е фаворит и во последните десет средби е поразен само еднаш, додека Баер запиша пет порази во последните седум средби.

„Сигурно нема да ни е лесно, но овие момци имаат карактер кога е најтешко тие се најдобри“, вели тренерот Сами Хипија.

ПСЖ ќе настапи без повредениот Едисон Кавани а знак на прашање за настап има и за одбранбениот Кристоф Жиле. Но аптекарите најмногу стравуваат од Златан Ибрахимовиќ кој е во фантастична форма.

„Наша цел е оваа сезона е да избориме пласман во четвртфинале. Се што ќе направиме понатаму се смета за успех“, вели Ибра.

Кај Баер поради суспензија нема право на настап Емре Кан, а поради повреди ќе отсуствуваат Ерен Дердјук и Роби Крузе, а прашање е дали ќе настапи и Стефан Рејнарт.

Веројатни состави :

Манчестер Сити: Харт – Забалета, Компани, Демикелис, Клиши – Гарсија, Туре – Милнер, Силва, Насри – Негредо.

Барселона : Валдес – Алвес, Батра, Пике, Алба – Бускетс, Чави, Фабрегас – Санчез, Педро, Меси.

Баер Леверкузен: Лено – Хилберт, Спахиќ, Топрак, Бениш – Бендер, Реинарт, Ролфес – Сам, Кислинг, Кастро.

ПСЖ: Сиригу, Ван дер Виел, Алекс, Тиаго Силва, Максвел – Верати, Кабај, Матуиди – Лукас Моура, Ибрахимовиќ, Пасторе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top