Откако шпанскиот јавен обвинител побара истрага протв претседателот на Барселона, Josep Maria Bartomeu, поради наводно затајување на данок од 2,85 милиони евра, судијата Pablo Ruz одлучи да подигне обвинение па така Bartomeu е должен да се појави на судење на 13 февруари.
Обвинението е поврзано за случајот “Нејмар”, односно процесот кој е во тек, во кој Барселона и нејзиниот поранешен претседател, Sandro Rosell, се обвинети за прикривање на вистинската сума за трансферот на бразилскиот фудбалер.
Обвинителот Jose Perals Calleja верува дека Барселона го прикрива вистинскиот износ на трансферот на Нејмар и дека тој е далеку поголем од наводните 57 милиони евра како што тврдат во каталонскиот клуб.
Шпанските даночни власти претпоставуваат дека трансферот всушност изнесувал околу 83 милиони евра и дека е поделен на неколку посебни договори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град