Шок за Полјаците

Легија го посрамоти Селтик но УЕФА ги елиминира

 |  инфодеск  | 

Варшавска Легија нема да го види последното претколо од Лигата на шампиони, туку оди во плеј-оф од Европската лига. Нив ќе ги замени шкотскиот Селтик кој Полјаците го посрамотија во два натпревари со вкупен резултат од 6-1.

Но, Легија направи катастрофална грешка. Во 89 минута во игра влезе Бартош Березински кој немал право да игра, кога минатата сезона доби црвен картон во натпреварот Легија-Аполон, а не ја отслужил казната. Селтик и делегатот на натпреварот го увиделе пропустот, а УЕФА денес пресудила во корист на Шкотланѓаните.

Голем гаф е тоа за луѓето од Легија кои по 6-1 вкупен резултат и два промашени пенала сепак натпреварот го загубија на зелената маса. Но, и одлуката на УЕФА е зачудувачка бидејќи во ист ваков случај пред четири години Дебрецин е казнет со 20.000 евра. Тогаш од УЕФА порачале дека играчот немал влијание за конечниот резултат, а тоа беше случај и сега.

Ова додатно ќе ги разлути проблематичните навивачи на Легија кои долго се трн во око на УЕФА. Можеби честите транспаренти, па и кореографијата “УЕФА мафија”, сега се наплатени. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top