Видео: Собирач на топки му помогна на голманот да одбрани пенал

Интересна снимка стигна од Азијското првенство кое се одржува во Австралија

 |  инфодеск  | 

Австралијците по влегувањето во азијската фудбалска федерација како придружен член добија право да го организираат и своето прво Азијско првенство. Од групата Б пристигна занимливост од натпреварот помеѓу Кина и Саудијска Арабија кој Кинезите го добија со 1-0.

Кинескиот голман Wang Dalei беше човекот на одлука бидејќи го одбрани пеналот, но имаше и помагач. 12 годишниот собирач на топки Stephen White имал мала конверзанција со кинескиот голман пред пеналот и му покажал да се фрли на левата страна. Dalei тоа го испратил со насмевка, но навистина се фрли на таа страна што се покажа како успешно.

Детето стана хит по првото коло на Азијското првенство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top