Скапата ѕвезда на Баерн Минхен исфрлен од репрезентацијата

Неодамна донесе титула, сега исфрлен од репрезентацијата

 |  инфодеск  | 

Новото засилување на германскиот првак Баерн, Артуро Видал, е исфрлен од репрезентацијата воочи пријателскиот натпревар против Парагвај бидејќи на утринскиот тренинг се појавил во алкохолизирна состојба.

Како што пренесуваат чилеанските медиуми, Видал ноќта пред тоа се забавувал со пријателите во еден ноќен клуб до раните утрински часови поради што селекторот Хорхе Сампаоли го отстранил од националниот тим. Ова на Видал не му прв ваков инцидент. Последните години неколку пати е казнуван поради ноќни авантури и проводи.

Пред само два месеци во алкохолизирана состојба, за време на Копа Америка, го искрши скапоценото Ферари. Во несреќата неговата девојка беше потешко повредена, додека Видал помина со полесни повреди. По несреќата во солзи бараше прошка од навивачите и лидерот на фудбалскиот сојуз на Чиле. Тамошниот фудбалски сојуз беше благ и не го исфрли од репрезентацијата, додека возачката дозвола му беше одземена на две години. Чиле потоа го освои насловот првак на Јужна Америка и сето тоа брзо се заборави.

Во ноември минатата година Видал беше казнет и од неговиот екс клуб, Јувентус, со 100.000 евра бидејќи се степал во ноќен клуб во алкохолизирана состојба.

Артуро Видал ова лето се пресели од Јувентус во Баерн Минхен за 40 милиони евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top