Скандалот во ФИФА се шири како пожар

Франција и Јужна Африка давале мито за да ја добијат организацијата на СП во 1998 и 2010 година

 |  инфодеск  | 

Chuck Blazer, “свиркачот” од ФИФА, открива нови детали за примање на мито при доделувањето на организацијата за светските првенства во фудбал.

Истовремено со истрагата на FBI околу доделувањето организации за домаќини на СП во Русија 2018 и Катар 2022, Blazer изјави дека извршниот одбор на ФИФА примал мито и при доделувањето на организациите за СП во Франција 1998 и Јужна Африка 2010 година.

“Јас и некои други членови на извршниот одбор примивме пари за да гласаме за Франција и Јужна Африка”, им признал Blazer на американските истражители.

Поранешниот генерален секретар на CONCACAF направил спогодбата со Министерството за правда на САД да соработува во откривањето на големиот корупциски октопод која ја зафати ФИФА.

Освен функцијата во CONCACAF, Blazer полни 17 години, од 1996 до 2013 година, беше член на извршниот одбор на ФИФА.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top