Скандалот во Челзи со убавата физиотерапевтка не стивнува

Мурињо ја отстранил бидејќи спиела со играчите?

 |  инфодеск  | 

Сапуницата околу физиотерапевтот на Челзи, Ева Карниеро нема крај, дотолку повеќе што го достигна дното.

Имено,  британскиот таблоид The Sun објави интервју со поранешното момче на убавата Ева Карниеро, кое открива детали од нејзиниот приватен живот, а со него приложил и фотографии. Да се потсетиме, Карниеро е под светлата на рефлекторите од минатиот викенд кога менаџерот на Челзи, Хозе Мурињо јавно ја понижи викајќи по неа бидејќи втрча на теренот за да му помогне на Еден Хазард. Подоцна тој ја отстрани од екипата, како и од местото главен физиотерапевт. Така барем тврдат британските медиуми.

The Sun за недела резервирал големо интервју пропратено со фотографии кои ги направил со нејзиното поранешно момче Руперт Патерсон Ворд.

“Жената ми го уништи животот. Ми рече за време на една караница дека спиела со еден играч на Челзи само за да се чувствувам лошо. Сака да биде популарна меѓу фудбалерите и обожува внимание”, рекол наводно бесрамнниот Ворд.

“Ева го сака сексот и малку луѓе ја познаваат. Таа е брутална и добива сѐ што ќе посака. Планиравме фамилија, но на крајот ме отфрли. Сакаше секс и тоа го правевме секој ден. Тоа за неа е многу важно во секојдневниот живот”, заклучил Ворд, кој на The Sun му продал и некои заеднички фотографии за да ја потврди приказната.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top