Скандал во Шпанскиот фудбал поврзан за Ел Класико

Претходните изјави на Диего Симеоне дополнително ги зголемија сомнежите

 |  инфодеск  | 

Дилемата дали Лео Меси ќе се опорави до 21 ноември и дуелот Реал – Барселона, ја стави во сенка овие дена една друга вест поврзана со Ел Класико. Звучи помалку неверојатно, но поедини медиуми во Шпанија како COPE и каталонскиот весник L’Esportiu пишуваат дека е покрената истрага поради наводен притисок на еден неименуван линиски судија.

Адвокатот на тој судија Хасинто Висенте Хернандез поднел официјална пријава до антикорупцискиот обвинител поради наводен голем притисок на кој е извршен врз неговиот клиент. Се работи за неколку натпревари, но и за престојното Ел Класико, каде спрема наводите требало да суди токму тој линиски судија. Него, наводно го повикал главниот судија кој бил одреден за Ел Класико, и му рекол дека Судиската комисија бара во дербито да се фаворизира Реал Мадрид.

Поради безбедност на споменатиот судија во истрагата не се наведува неговото име, како ни името на одредениот главен судија. Лицето кое во име на судската организација вршело притисок е наводно Хименез Муњоз Моралес кој спрема истите извори, исто така лично го повикал судијата, а тој пак побарал правна помош и одлучил работата да ја препушти на правосудните органи. Тоа одлучил да го направи пред еден месец, но сега сѐ излезе во медиумите.

До Ел Класико има еден месец, а атмосферата веќе зоврива. Веќе се пишуваше дека пред сезоната почнаа да кружат приказни дека Реал посебно ќе се штити бидејќи Мадриѓаните вложиле силни милиони, а во последните седум години освоија само една титула.

Шпекулациите дополнително се засилија кога ваква теза изнесе и тренерот на Атлетико Мадрид кој рече дека “тешко оваа година некој друг покрај Реал да земе титула на кого му се спрема однапред”. Овие зборови делуваа бомбастично, но во Шпанија инсинуациите се нормална појава. Треба да се каже дека во досегашниот дел од првенството не може да се види наводната заштита на Реал, а во Мадрид овие шпекулации ги нарекуваат притисок насочен кон нивниот клуб.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top