Сензационален Федерер, Мурињо и луд навивач

Прекрасна вечер во Лондон

 |  инфодеск  | 

Вчера вечер беа завршени натпреварите во групата Б на ATP World Tour Final, која ја освои швајцарскиот генијалец Federer. По помалку од еден час игра Federer со 6-0 и 6-1 славеше против домаќинот Andy Murray кого само победа можеше да го однесе во полуфиналето. Швајцарецот, посетителите на О2 арената ги остави без здив со генијалните потези, но по средбата признал дека не му e мило што толку лесно дошол до победата.

“Не беше толку добро чувството да водиш со 6-0 и 5-0. Среќен сум што брзо го одработив мечот и ја сочував силата, но истовремено ми е мило што не го освоив претпоследниот гем од мечот. Ми беше нелагодно да играм со таков резултат. Не знам, чувството не беше добро”, рекол секогаш искрениот Federer, кој ги повика новинарите да не го обвинуваат Murray по ваквата партија.

Воочи средбата внимание предизвика и харизматичниот португалски тренер Jose Mourihno, кој седеше во првиот ред до теренот.

“Иако се чини дека тешко ќе го совлада Federer, му советувам на Andy да даде сѐ од себе. Понекогаш тежок пораз може да биде почеток на многу победи”, рекол мудро Mourihno.

Вечерта ја одбележи и навивачот кој седеше зад Mourihno кој на шега или не напишал на плоча интересна порака: “Ја продадов колата за да седам зад Special One”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top