Џејмс Родригез открива каде би сакал да игра

На извонредниот Колумбиец еден сон му се отствари

 |  инфодеск  | 

Џејмс Родригез, 22 годишниот фудбалер на Монако, беше стрелец во сите четири натпревари во дресот на Колумбија во Бразил, и со 5 погодоци е водечки на листата на стрелци на Светското првенство.

Минатото лето Монако му плати на Порто 45 милиони евра за трансферот на Џејмс Родригез, кој во првата сезона во Франција му помогна на тимот до патот за освојување на второто место и пласман во Лигата на шампиони. Со 12 додавања за гол, Џејмс беше водечки асистент во лигата и го заработи местото во најдобриот состав на француското првенство.

Но, вредноста на фудбалскиот пазар тој самиот си ја подигна со фантастичните настапи на Светското првенство. Во победата над Уругвај 2-0 во осмина финалето ги постигна двата гола, но првиот многумина го оцениле како најубав на СП.

“Ова е историски успех. Сакав да постигнам гол на Маракана. Дадов два и можам да кажам дека ми се отствари сонот. Не сум во состојба сега да размислувам за сопствениот учинок. Можеби на крајот од првенството”, изјавил Џејмс.

“Среќен сум што победивме и што поминавме понатаму. Уругвајците играа со многу играчи зад топката. Требаше повеќе да се движиме во нападот. На секој следен натпревар мораме да пристапиме како да ни е последен и да дадеме се од себе. Знаеме дека сега ќе биде потешко и потешко, но веруваме дека можеме да стигнеме далеку на турнирот”, додал Родригез.

Напаѓачот на Монако рекол и неколку збора за својата клупска иднина.

“Би сакал еден ден да заиграм во Шпанија. Тоа е мојот сон, бидејќи Шпанската лига е најсилна на светот. Кој клуб? Повеќе би сакал во Реал Мадрид отколку во Барселона”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top