Репрезентации на СП кои најмногу лежат на теренот

Најголеми симулатори на теренот

 |  инфодеск  | 

Една од најголемите примедби на ова Светско првенство во фудбал се однесува на времето кое играчите го поминале во санирање повреди. Премногу често во текот на играта паѓаат на тревата во агонија и врескајќи, превиткувајќи се и барајќи носила за да бидат изнесени од теренот. Меѓутоа, по неколку минути тие повторно се во полна снага и спремни да ја продолжат играта. Фановите на најпопуларниот спорт сепак знаат дека тоа е само дел од најомразените тактики на фудбалската игра.

Во текот на првите 32 натпревари имало 302 играчи кои се приметени како се превиткуваат по тревата од болки, а тоа одзело 132 минути од играта – истражувачите тоа го нарекле “време на превиткување”. Исто така е забележано дека само 9 биле вистински повреди кои довеле до менување на играчот, а останатите 293 случаеви биле обично глумење по теренот кое одзело 118 минути од играта.

Екипа која најчесто е видена во болки е Бразил – Репрезентативецот на Бразил, Нејмар, имал 5 “повреди”, најмногу во својот тим кои забележал 17 инциденти по кои играчот се нашол на тревата, а по секоја повреда Нејмар бил на нозе по само 15 секунди.

Шампиони во “време на превиткување” се репрезентативците на Хондурас. Тие поминале најмногу време на тревата – 7 минути и 40 секунди. Секако, 5 минути и 10 секунди потрошиле во мечот со Франција во првото полувреме додека беше нерешено.

Тим кој најмногу стегал заби и издржал болка се репрезентативците на Босна и Херцеговина. Тие очиигледно не разбираат како функционираат работите. Тимот имал само 2 “повреди” кои одзеле само 24 секунди од играта.

Тим кој доживеал најголемо “уништување” во еден натпревар е Чиле во натпреварот со Шпанија додека го чуваа раното водство, доживеале 11 “повреди”.

Најбрзата “повреда” е на натпреварот Еквадор-Хондурас во 4 секунда од натпреварот  Валенсија се нашол на тревата.

Од 9 играчи кои теренот го напуштиле на носила, петмина се вратиле назад за помалку од 90 секунди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top