Реал Мадрид со математика до титулата

Дали Барселона ќе се извлече со потешкиот распоред?

 |  инфодеск  | 

Барселона со минималната победа кај Селта ги задржа четирите бода предност пред Реал во завршницата на сезоната.

Жереми Матје повторно се покажа како еден од клучните луѓе во Барселона. Откако погоди против Реал, донесе важни три бода и од кај Селта. Се извлече Барселона на незгодното гостување по притисокот на Реал кој со неверојатните 9-1 ја демолираше Алмерија. Разликата остана четири бода, а одбројувањето до крајот на првенството застана на девет кола.

Толку останаа до крајот, а во Мадрид направиле математика без калкулации. Ги сакаат сите 27 бода во преостанатитедевет натпревари, а ако тоа го отстварат треба и Барселона да има барем две реми средби за да бидат на крајот први.

До крајот на април Реал нема да патува надвор од Мадрид бидејќи следното коло гостува кај непријателскиот сосед Рајо Ваљекано, а следните два натпревари ќе бидат домаќини на Еибар и Малага, а потоа следува гостување кај Селта. Во истиот период ќе одигра и два натпревари во Лигата на шампиони против Атлетико. Тоа ќе бидат тешки битки, но сеедно нема да излегуваат од Мадрид.

Од друга страна Барселона патува за две кола во Севиља која е една од станиците на која се надеваат во Мадрид дека ривалот ќе остане без дел од пленот. Потоа е дерби натпреварот со Валенсија на Ноу Камп што исто така нема да биде лесна задача за Барса. Да не заборавиме дека во меѓувреме ги очекуваат тешки два натрпевари со ПСЖ во Лигата на шампиони. Тука е и градското дерби со Еспањол и ако Барселона го преживее април тоа би можело да биде голем чекор кон титулата. Но, тоа не е сѐ , за крај Барселона, две кола пред крајот гостуваат кај Атлетико и ако таму им е потребна победа тоа ќе биде неверојатно тешка препрека.

Имено, иако Барселона има четири бода предност пред Реал, првенството не е ниту близу до крајот. Ќе видиме како ривалите ќе ги поминат незгодните противници и дали Валенсија би можела некому да му го загорчи животот. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top