ПСЖ и Манчестер Сити жестоко удрија на Реал Мадрид

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан, остро ја критикува Уефа

 |  инфодеск  | 

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан,остро ја критикуваше Уефа велејќи дека има двојни стандарди кога е во прашање финансискиот фер-плеј…

ПСЖ и Манчестер Сити се најпогодени од финансискиот фер-плеј на Уефа, со контролата на финансиите односно лимитот на трансфери, што двата клуба ги принуди да продаваат играчи и да купуваат нови засилувања.

Францускиот клуб ги прифаќа новите правила на игра, но се прашува како е можно Уефа во исто време на други клубови да им прогледува низ прсти. Парижаните прстот го вперија во Реал Мадрид кој е во огромни долгови, се шпекулира со цифра од 600 милиони евра, иако кралскиот клуб тврди дека долгот е многу помал, под 300 милиони, но тоа зависи од формулацијата што е всушност долг и како се толкуваат финансиските книги.

“Тие прашања би требало да се ускладат на глобално ниво. Финансискиот фер-плеј би требало да ги земе во предвид даночните оптоварувања кои во секоја земја се различни и да го ограничи купувањето на играчи кои се погодени со високи долгови, како што е да кажеме Реал Мадрид”, рекол Блан во изјавата за француските медиуми.

Тренерот на ПСЖ не може да разбере како е можно клуб со толку големи долгови да ги купува најскапите играчи, вредни по стотици милиони евра? Манчестер Сити и ПСЖ побарале од Уефа да ги земе во предвид акумулираните долгови, а не критериумот да биде само финансиското работење на годишно ниво. Конкретно, Реал Мадрид во последните години бележи плус во своите расходи и приходи, но во претходните години запиша огромни долгови кои Уефа не ги зема во предвид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top