Прв пат прволигаши по 93 години постоење

“Навистина е убаво ова што го доживувам и што го прославуваме сите овде во Кротоне…

 |  инфодеск  | 

Фудбалерите на второлигашот Кротоне во петокот и теоретски обезбедија настап во Серија А следната сезона по 93 годишно постоење на клубот.

Кротоне кое го води Хрватот Иван Јуриќ благодарение на нерешениот резултат кај Модена од 1-1 од 39 коло на Серија Б го обезбедија пласмананот во Серија А на три кола пред крајот.

“Навистина е убаво ова што го доживувам и што го прославуваме сите овде во Кротоне. Сега може да се зборува за вистинска еуфорија, целиот град и регион дише заедно со нас”, изјавил Анте Будимир еден од најдобрите играчи на Кротоне.

Водечкиот состав на италијанската Серија Б сега има 78 бодови, недостижни 13 повеќе од третопласираната екипа на Трапани, кој има до крајот да одигра уште четири средби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top