Најдобриот и најголемиот германски ракометен клуб, Кил, се пофали со чудесните резултати од продажба на годишни влезници.
Имено, за само пет часа од почетокот на продажбата на влезници за сезоната 2015/16, 5.000 навивачи веднаш ги разграбале, со што бил воодушевен извршниот директор на клубот Торстен Сторм.
“Ова е неверојатно! Ова е знак за голем интерес кон нашиот клуб, ова може да се случи само во Кил”, рекол Сторм.
Кил бил 20 пати првак на Германија и три пати првак на Европа, а екипата ја сочинуваат врвни светски играчи како што се Дувњак, Ландин, Рене Тофт Хансен, Филип Јиха, Кањелас…
Кил повторно ќе јуриша на трофеи во сите натпреварувања во кои ќе учествува, а Бундес лигата започнува на 2 август додека во Лигата на шампиони се во групата А каде противници ќе им бидат Веспрем, ПСЖ, Цеље, Висла Плок, Загреб, Бешикташ и Фленсбург.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град