Претседателот на Реал лут на Роналдо и соиграчите

Перез – “Ме прават будала”

 |  инфодеск  | 

Поразот на Реал Мадрид, во осминафиналето на Купот на кралот, од градскиот ривал Атлетико опасно го налутило претседателот  Флорентино Перез, пишуваат сите угледни шпански медиуми.

Односот на силите во глвниот град радикално се сменети во последно време. Реал не е повеќе неприкосновен владател на Мадрид што не е далеку од вистината по испаѓањето од купот од Атлетико. Реал не ја почуствувале сласта на победата во меѓусебните натпревари од финалето на Лигата на шампионите, додека Атлетико забележаа дури три победи над ривалот.

Атлетико под водство на Диего Симеоне фантастично се издигна и повторно е голем ривал на Реал, како пред неколку децении кога ги освои повеќето од своите 10 титули првак на Шпанија.

Перз е загрижен што Реал повторно мора да се бори од петни жили за примат во Мадрид. Навивачите на Реал можат да поднесат некако да се број два во Шпанија, но број два во Мадрид никако. По три последователни порази во градските дерби натпревари, Перез победата ја поставил како императив пред своите пулени.

Не зачудува податокот дека погодокот на Торес на почетокот на мечот до толку го вознемирило Перез што можело јасно да се види на неговото лице. Шпанските новинари истакнуваат дека никогаш не го имале видено толку бесен што не можел ни да го сокрие незадоволството. Спрема информациите на Cadena претседателот на Реал во свечената ложа на глас прокоментирал: “Тие ме прават будала!” Мислел на своите фудбалери кои ги плаќа со “суво злато” и ги држи како капка вода на дланка, а тие му возвраќаат на несоодветен начин.

Карло Анчелоти по натпреварот одржал 15 минутен говор во соблекувалната. Наводно ги пофалил играчите за вложениот напор, но во исто време ги предупредил дека навивачите очекувале повеќе од солидна игра, што можело да се види при дочекот на автобусот пред Сантијаго Бернабеу. Стадионот беше распродаден до последното место, а атмосферата спектакуларна, но Реал сепак потфрли. Анчелоти додал и дека во следните натпревари очекува подобра игра и пред сѐ резултати,  во спротивно нема да се отстварат зададените цели, освојување на првенството и одбрана на Лигата на шампиони.

Ако не се исполнат овие цели, сигурно ќе настанат големи проблеми. Перез ќе ја зачисти соблекувалната заедно со тренерот. Ете колку малку треба да се пореметат духовите на Бернабеу, каде само две или три лоши партии можат да фрлат во сенка 22 последователни победи. Реал и навивачите признаваат само победи, а што се случувало пред неколку дена или недели никого не го интересира. Тоа Анчелоти сигурно добро го знае.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top