Видео: Три пати прекинат натпреварот Тотенхем – Партизан

Натпреварот го одбележа сѐ освен фудбал а има најави за нови упади

 |  инфодеск  | 

На White Hart Lane Тотенхем го пречека Партизан, го победи со 1-0 и избори пласман во шеснаесет финалето во Лигата на Европа, но фудбалот остана во втор план.

Натпреварот го приватизираа гледачите кои во првото полувреме во три наврати втрчуваа на теренот од трибината со домашни навивачи.

Од почеток се мислеше дека се работи за навивачи на Тотенхем, но англиските медиуми пишуваат дека станува збор за припадници на диверзантската група TrollStation, која со нивните твитови најавуваа упади на теренот и расипување на забавата. Но, разочарувачки е тоа што тие најавуваат упади и во иднина ширум англиските стадиони

Во секој случај, од сите 24 натпревари одиграни во Лигата на Европа, натпреварот помеѓу Тотенхем и Партизан сепак успешно го доживеа својот крај, но траеше најдолго.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top