Повеќе од 20 фудбалери на протагонистите на натпреварот Леванте-Сарагоса од јуни 2011 година се повикани на разговор во шпанската канцеларија за борба против организиран криминал, поради сомнение за местење натпревар.
Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми постои основно сомнение дека натпреварот кој завршил со победа на Сарагоса од 2-1 е наместен гостите да ги освојат важните бодови за опстанок во Примера. Таа ноќ во Валенсија допатувале илјадници навивачи на Сарагоса кои го славеле останувањето во лигата.
Канцеларијата за корупција, за време на истрагата, ги прислушкувала телефоните на осомничените играчи, а собрала и изводи од банка на кои се воочени сомнителни уплати. Дел од играчите ќе дадат изјави како обвинети, а дел во својство на сведоци.
Сомнежот е дека Сарагоса таа сезона, која заврши на 14 место, наместила уште три натпревари.
Тогашниот мнозински сопственик, Agapito Iglesias, порачал дека ја поддржува истрагата велејќи дека треба да се реши нередот кој владее во професионалниот фудбал. Се огласило и сегашното реаководство. “Моментално во клубот е само еден играч кој учествувал на тој натпревар. Вратата на клубот е отворена за истражните органи и спремни сме на соработка во борбата против корупцијата”, порачал претседателот на клубот Christian Lapetra.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град