• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Полицијата сепак интервенирала на трибините со хрватски навивачи

Полицијата сепак интервенирала на трибините со хрватски навивачи

Спречено е влегување на теренот на хулигани на средбата Хрватска – Шпанија

 |  инфодеск  | 

Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија на Еуро2016 постоеа одредени стравувања дека одредени хулигани на хрватските навивачи ќе ги повторат инцидентите од натпреварот со Чешка. Многу хрватски, но и портали од Европа пишуваа дека на средбата со Шпанија хрватските хулигани ќе се обидат да го прекинат натпреварот, па дури и дека ќе упаднат на теренот за да го нападнат судијата, меѓутоа за среќа ништо од тоа не се случи.

Француската полиција овој пат сериозно ги сфати предупредувањата на хрватските колеги и беше далеку поспремна за можните проблеми. Претресите на влезот на стадионот биле подетални, а на самиот стадион имало многу повеќе полицајци и редари кои реагирале на време, а техничкиот министер за внатрешни работи на Хрватска потврдил дека е спречена една тепачка на стадионот и е спречен обид на едно лице да влезе на теренот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top