Победа која влегува во историјата на фудбалот

Последната репрезентација на листата на Фифа влегува во историјата

 |  инфодеск  | 

Успехот на тимот е поголем ако се знае дека репрезентацијата на Бутан е последна на листата на Фифа и се наоѓа на 209-то место и без освоен бод.

Имено, Бутан, држава со само 800.000 жители, го одигра својот прв натпревар во квалификациите за Светско првенство и го доби со 1-0 против репрезентацијата на Шри Ланка.

Првиот натпревар Бутан го одиграл во 1982 година, а последната победа ја изборил против Авганистан во 2008 година, но ова е прва победа во квалификации за Светско првенство.

“Ова е момент кој го чекав цел живот”, рекол по натпреварот тренерот Dorji, чија репрезентација запиша само четврта победа во својата историја.

“Ова е одлично, историски момент”, напишал на својот Twitter профил претседателот на Фифа Sepp Blatter.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top