Како ќе патува Роналдо и неговата фамилија за Бразил

Досега невидено

 |  инфодеск  | 

Фамилијата на најдобриот светски фудбалер, Кристиано Роналдо, ќе допатува на светското првенство во Бразил со четири различни приватни авиони.

Ова го пишува L’Equipe повикувајќи се на бразилски медиуми.

Кристиано Роналдо со португалската репрезентација би требало да слета во Кампинас на 7 јуни, а по него би требало да дојде авион со 200 португалски новинари.

Четири авиони се резервирани за неговата фамилија кои од првите редови ќе го следат настапот на Роналдо и португалската репрезентација.

На мундијалот во Бразил, Португалија е сместена во групата G заедно со Германија, Гана и САД. Натпреварувањето го отвораат против Германија на 16 јуни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top