Окт 16, 2009

УЕФА месецов со листа на клубови вмешани во местење

УЕФА соопшти дека во октомври ќе ги објави имињата на екипите кои биле вклучени во разни форми на корупција или местење на натпревари. Станува збор главно за натпревари одиграни во југо -источниот дел на Европа.„Без дилема оваа е најголемата афера на корупција во историјата на фудбалот“, изјави комесарот на УЕФА, Карл Донт. Тој потврди дека моментно со сигурност може да се каже дека  и една белгиска екипа местела натпревар, но се уште не се знае  името на екипата. Во истрагата на УЕФА за местење на натпревари вклучени се и неколку екипи од Македонија. УЕФА најави остри мерки против екипите …

Окт 15, 2009

Бекам сиигурен дека ќе заврши во Милан

Големата англиска и воедо светска фудбалска ѕвезда изрази увереност дека ќе ја продолжи својата кариера во Милан.Популарниот Бекс зборуваше на оваа тема веднаш после квалификацискиот дуел против Белорусија во кој Гордиот Албион победи со 3:0.Дејвид не е загрижен од тоа дека неговите моментални шефови во Лос Анџелес Галакси можат да го сопрат во неговата желба да помине во редовите на Милан, нешто што според селекторот Капело тој мора да го направи доколку сака да избори место во тимот на Англија за предстојното Светско Првенство во Фудбал кое следната година ќе се одигра во Јужна Африка.„95…

Окт 15, 2009

Португалија мина

Фудбалерите на Португалија очекувано во Гујмареш ја победија Малта (4-0) со што го потврдија настапот во двата натпревари од дополнителните квалификации за пласман на СП.Стрелците за составот на Карлос Куеироз, за кој не настапуваше Кристијано Роналдо, беа Нани, Симао, Мигел и Едињо. Шведските фудбалери во другиот натпревар попусто ги победија Албанците на Јосип Куже со 4-1, додека пак незаинтересираните Данци, кои одат директно во ЈАР, на копенхагенскиот Паркен загубија од Унгарија со 1-0.{loadposition content9}

Окт 14, 2009

Самир Насри подговтвен за враќање во првата постава на Арсенал

Офанзивниот фудбалер на Арсенал, Самир Насри е подготвен за враќање на теренот.Одлични вести за Арсен Венгер и навивачите на Арсенал, Самир Насри е подготвен да се врати на теренот. Насри заработи скршеница на ногата во подготвителниот период за новата сезона.”Јас сум подготвен да му се приклучам на тимот на Арсенал овој викенд, или да бидам стартер следниот” – изјави Насри.”Мислам дека ќе се вратам на теренот за натпреварот против Вест Хем на 25ти”.”Новиот стил на игра повеќе ни одговара. Сеск Фабрегас има повеќе слобода во средниот ред, а остатокот од нас добро се поврзува со него” – завр…

Дек 8, 2016

Комплетирана листата на осминафиналисти во Лигата на шампиони

Со одигрувањето на синоќешните осум натпревари од последното 6.коло во групната фаза, познати се сите 16 екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони.Резултати на натпреварите одиграни синоќа: Е група: Баер Леверкузен – Монако 3:0, Тотенхем – ЦСКА Москва 3:1.Табела: Монако 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Тотенхем 7, ЦСКА 3. Ф група:Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 2:2, Легија – Спортинг 1:0.Табела: Борусија Дортмунд 14, Реал Мадрид 12, Легија 4, Спортинг 3. Г група: Порто – Лестер 5:0, Бриж – Копенхаген 0:2.Табела: Лестер 13, Порто 11, Копенхаген 9, Бриж 0. Х гру…

Окт 14, 2009

Македонија – Португалија 1:1

Селекцијата на Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вчера во Прилеп одигра нерешено 1:1 со соодветната селекција на Португалија во натпревар од групата 9 во квалификациите за Европското првенство.Македонија поведе во 69-тата минута со голот на Муарем Муарем, а израмни Адриан Силва на една минута до истекот на регуларниот дел на натпреварот. Португалците израмнувачкиот гол го постигнаа со играч повеќе откако во 78-та минута беше исклучен Алију поради втор жолт картон.Ова е втор освоен бод во петтиот натпревар за нашиот национален состав.Од 18 часот започна вториот натпревар од …

Окт 13, 2009

Двобој на титаните

Хорхе Лоренцо нема да жали доколку не успее да ја освои светската титула во мотоциклизам.Со победата на Есторил во Португалија пред една недела Лоренцо ја скрати предноста на Валентино Роси на одвај 18 поени, три трки до крајот на шампионатот.Цел на шпанецот е да победува на сите писти, но и да не успее да го постигне тоа нема да се чувствува разочаран од учеството во едвај втората сезона како пилот во кралската класа.„Сметам на себе во последните три трки. Ако сакам да ја освојам титулата тогаш немам други алтернативи. Имам само една шанса и ќе се борам за неа. Не мислам дека сум направил …

Окт 13, 2009

Аргентина ќе оди на СП

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карлос Дунга е уверен дека нивниот голем ривал, Аргентина ќе избори место на Светското првенство во ЈАР.Во последното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на СП, АРгентина во среда гостува кај Уругвај, а само со победа гаучосите имаат гарантирана виза за Јужна Африка, во случај на пораз, екипата на Марадона би можела да заврши дури на шестата позиција и да ја изгубе и шансата да игра бараж за пласман во Јужна Африка. Нерешен исход им носи на аргентинците сигурен бараж.Дунга е увередн дека уругвајците ќе одиграат храбро против…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top