Мар 15, 2010

Бекам ја скинал ахиловата тетива

Иако тој нема гаранција за место во составот на Фабио Капело, вчеравечер фудбалерот на Милан најверојатно ја скинал ахиловата тетива и сериозно си го загрози настапот на Мундијалот.Бекам се повреди без дуел во самиот финиш од мечот, и првите претпоставки беа дека се работи за истегнување на задната ложа, но подоцна „Скај Италија“ објави дека се работи за друга повреда.Според клупските лекари, Бекам веќе денеска ќе замине во Финска на операција по што ќе биде познато колку ќе паузира и дали навреме ќе може да закрепне за настап на СП, или пак ќе го пропушти ова натпреварување.{loadposition c…

Мар 13, 2010

Давам голови бидејќи сум ќелав

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ја откри тајната на неговите добри игри со глава. Како што е познато, англискиот репрезентативец во средата постигна два гола против Милан во Лигата на шампионите со што стигна до бројката 30 во оваа сезона. Лидерот на “црвените ѓаволи” откри дека голема улога за одличната голгетерска форма има фактот што почнал рано да ја губи косата.”Топката ја удирам со чело, и затоа постигнувам голови. Голема заслуга има и мојата ќелава глава бидејќи на моите соиграчи им е многу полесно да ме пронајдат во нападот”, се пошегува Руни, кој оваа сезона на Олд Трафо…

Мар 13, 2010

Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А

Германската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од следната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.Досега, како што сите знаеме од Серија А учевстуваа 4 екипи во Лигата на Шампионите, од кои две екипи одеа директно, а две играа квалификации, а од Бундеслигата одеа три, две директно и една со квалификации.Но сепак, тоа најверојатно ќе се промени. Колку екипи играат во европските купови се одредува според коефициентите на лигите од последните пет сезони.Заради подобрата игра и подобриот пласман на…

Мар 12, 2010

Познати четвртфиналните двојки во кошаркарската Евролига

По одигрувањето на натпреварите од 6.коло во фазата „Топ 16“ од кошаркарската Евролига познати се четвртфиналните двојки.Во шпанската пресметка ќе играат Барселона – Реал Мадрид. Макаби за противник го доби Партизан. Останатите две двојки се ЦСКА Москва – Каха Лоборал и Олимпијакос – Проком.Синоќа беше комплетирано последното 6.коло во четирите групи.Во Е групата во натпреварот на двете екипи од Атина, европскиот шампион Панатинаикос со победа се прости од натпреварувањето и на Партизан му овозможи влез во четвртфиналето. Панатинаикос – Маруси 82 : 79 и Барселона – Партизан 82 : 64.Табела: …

Мар 11, 2010

Австралискиот Фокс Спорт 2 се извини за направената грешка со националноста на Пандев

Австралискиот национален ТВ медиум за спорт Фокс Спорт 2 денеска јавно се извини за направената грешка во врска со националноста на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Амбасадата на Република Македонија во Австралија соопшти дека денеска на официјалната веб-страница на Фокс Спорт 2 и на вестите што одат на овој медиум е дадено јавното извинување и појаснување дека Пандев е репрезентативец на „Република Македонија“.Македонскиот репрезентативец Горан Паднев неодамна на каналот на Фокс Спорт 2 беше претставен како бугарски напаѓач во екипата на Интер од Милано. Македонската амбасада во Канбера…

Мар 10, 2010

„Зошто сине? Зошто?“

Еди Џордан, шефот на првиот тим на Михаел Шумахер во формула 1, верува дека Германецот е “луд” откако избра да се врати во спортот оваа година. Ирецот останува на тврдењето дека победникот на рекордни 91 трки во спортот требал да остане со епитетот најдобар возач на сите времиња, наместо да ја ризикува репутацијата против младите возачи оваа сезона.Џордан го воведе Шумахер во формула 1 пред 19 години, пред Бенетон да го соберат Германецот по само една трка. Џордан вели дека не знае кои се мотивите на Германецот.”Да бев негов татко, ќе го прашав: ‘Зошто сине? Зошто?’. Седумкратен светски шам…

Мар 25, 2018

Ферари ја стартуваше новата сезона со триумф во Австралија

Ферари го најавуваше пред почетокот на сезоната, a го демонстрираше на првата трка во новиот Ф1 шампионат. Италијанскиот тим имаше одлично издание на трката за големата награда на Австралија. На патеката во Мелбурн, првото место го освои Себастијан Фетел, додека Кими Раиконен заврши на третата позиција.Помеѓу двата болида на Ферари, на второто место се пласираше актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, кој имаше пет секунди заостанување зад победникот, а една секунда пред третопласираниот Финец. Поени на првата трка уште освоија Даниел Рикиарко кој заврши на четвртото место, а потоа редослед…

Мар 10, 2010

Мурињо пред нова суспензија

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, би можел да биде казнет дополнително поради разговорот со својот асистент за време на неделниот првенствен меч со Џенова. Минатиот месец Португалецот доби забрана за водење на екипата на три натпревари поради гестот кон судијата Паоло Таљавенто, кој исклучи двајца играчи на Интер на дуелот со Сампдорија. Во неделата Мурињо беше фатен од телевизиските камери како му дава тактички совети на помошникот Џузепе Барези од трибините на Џузепе Меаца. Неговите идеи воопшто не дадоа плод бидејќи Интер одигра само 0:0.Дисциплинската комисија при Италијанскиот фудбалски …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top