Мурињо пред нова суспензија

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, би можел да биде казнет дополнително поради разговорот со својот асистент за време на неделниот првенствен меч со Џенова. Минатиот месец Португалецот доби забрана за водење на екипата на три натпревари поради гестот кон судијата Паоло Таљавенто, кој исклучи двајца играчи на Интер на дуелот со Сампдорија.

 |  Маја Савиќ  | 
murinjo
Мурињо

MurinjoТренерот на Интер, Жозе Мурињо, би можел да биде казнет дополнително поради разговорот со својот асистент за време на неделниот првенствен меч со Џенова. Минатиот месец Португалецот доби забрана за водење на екипата на три натпревари поради гестот кон судијата Паоло Таљавенто, кој исклучи двајца играчи на Интер на дуелот со Сампдорија. Во неделата Мурињо беше фатен од телевизиските камери како му дава тактички совети на помошникот Џузепе Барези од трибините на Џузепе Меаца. Неговите идеи воопшто не дадоа плод бидејќи Интер одигра само 0:0.

Дисциплинската комисија при Италијанскиот фудбалски сојуз, најверојатно, ќе го санкционира овој потег на португалскиот стручњак но прашање е колкава казна ќе му изрече.

Минатиот месец тренерот на третолигашот Кремонезе Роберто Вентураро беше дополнително казнет на уште еден меч поради тоа што додека одлежувал суспензија давал тактички инструкции кон својот асистент за време на првенствен натпревар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top