Апр 8, 2010

Целта на Усаин Болт – 9,40 секунди на „стотка“!

Светскиот рекордер во најбрзите атлетиски дисциплини Усаин Болт најави дека се уште не знае до каде му се границите и верува дека може да истрча многу побрзо од актуелните 9,58 секунди на 100 метри, рекорд што го постави лани на Светското првенство во атлетика во Берлин. Молњата од Јамајка го остави светот да се восхитува на неговата леснотија на рушење на границите на можностите на човекот и на светските рекорди на 100 и 200 метри, како и во штафета на 4х100 метри. На СП во Берлин, Болт истрча фантастични 9,58 секунди на 100 метри и 19,19 на 200 метри, а е светски рекордер и со штафетата …

Апр 7, 2010

Мурињо:Ваков Интер може да ја освои Лигата на Шампиони

Ваков Интер може да ја освои Лигата на шампионите, изјави по пласманот во полуфиналето португалскиот тренер на Интер, Жозе Мурињо.Победите од по 1:0 во двата меча против московска ЦСКА, беа доволни за пласман на Интер во полуфиналето.„Нанижавме пет победи во Лигата на шампионите и во целост заслужено стигнавме каде што сме. Можеме да зборуваме за целосна трансформација на историјата на Интер во Лигата на шампионите. Полни сме со самодоверба и победнички менталитет и сега сè може да се случи. Независно од тоа дали Интер ќе ја освои титулата во ова натпреварување, од сега, кога Интер ќе стапи…

Апр 6, 2010

Реванш натпревари во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Со натпреварот во Москва меѓу ЦСКА и Интер вечерва од 18 часот и 30 минути започнува четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.Италијанскиот шампион заедно со македонскиот репрезентативец Горан Пандев на реваншот во Русија отпатуваа со гол предност.Македонија по 19-годишна пауза има шанса преку македонскиот интернационалец повторно да има свој претставник во полуфиналето од најсилното клупско фудбалско натпреварување во Европа.- Ние имавме многу шанси во натпреварот во Милано но за жал не ги искористивме и остваривме предност само од 1:0. Не сум сигурен со колку напаѓачи ќе играм…

Апр 6, 2010

Лазаров пред заминување од Загреб

Тренерот на ракометниот клуб Загреб Зоран Гобац најави чистка во клубот, а меѓу кандидатите што ќе бидат ставени на трансфер листата ќе биде ставен и македонскиот репрезентативец Кире Лазаров.Евидентно е дека меѓу Ивано Балиќ и Кире Лазаров не функционира играта, па поради тоа еден од нив мора да замине бидејќи тие се нашите најскапи играчи. Објективно, засега најблиску до заминување е Лазаров…“, појасни Гобац.Според најавите на првиот човек на Загреб, следната сезона за дури седум или осум играчи нема да има место во екипата. {loadposition content9}

Апр 5, 2010

Две златни и четири сребрени медали за македонските каратисти во Сараево

Македонската сениорска карате репрезентација на Гранд При натпреварот во Сараево,освои две златни и четири сребрени медали во конкуренција на 113 каратисти од БиХ, Црна Гора, Хрватска.Како што соопшти Карате федерацијата на Македонија, на натпреварувањето што се одржа изминатите два дена, со златен медал се закитија Наташа Илиевска во категорија до 55 кг. и екипно мажи во борби. Сребрени медали освоија Тодор Ристовски во категорија до 60 кг, Жарко Арсовски, категорија до 84 кг, Мери Ефремова во категорија до 50 кг и Наташа Стефановска во категорија до 61кг.{loadposition content9}

Апр 3, 2010

Денеска се игра Велигденското коло во Серија А

Како по обичај италијанските фудбалски прволигаши комплетното коло ќе го одиграат ден пред Велигден, а шампионот Интер ја пречекува Болоња.Рома треба да ја потврди победата во претходното коло против Интер и добрата форма, на гостувањето кај Бари, додека Милан рехабилитација за ремито со Лацио ќе се обиде да оствари против Каљари на гости.Во другите натпревари од 32.коло двојките се: Парма – Фиорентина, Удинезе – Јувентус, Џенова – Ливорно, Лацио – Наполи, Катанија – Палермо, Киево – Сампдорија и Аталанта – Сиена.Табела: Интер 63 бодови, Рома 62, Милан 60, Палермо 51, Наполи, Јувентус и Сам…

Апр 3, 2010

Ракометарките формално гостуваат во Хрватска

Откако загубија дома со пет гола разлика, а се и без своите најдобри ракометарки, женската селекција на Македонија во Хрватска денеска ќе се бори за чесен пораз, затоа што по средата јасно беше дека двобојот со Холандија ќе го решава нашиот пласман на ЕП во Данска и Норвешка во декември Македонија денеска гостува во Чаковец со истите проблеми како и на дуелот во Скопје. Ги нема повредените Јулија Портјанко и Мирјета Бајрамовска, која се повреди на последниот тренинг пред првиот меч, а од репрезентацијата се повлече и Наталија Тодоровска. Така, дуелот со Хрватска е од формален карактер, во к…

Апр 2, 2010

Фергусон: Руни се враќа на терените за две до три недели

На редовната конференција за новинарите во петок на “Олд Трафорд”, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон на седмата сила и ги соопштил вестите кои ги чекале за најдобриот напаѓач во Премиер лигата.Вејн Руни (29 меча, 26 погодоци) го повреди глуждот во последните моменти од првиот 1/4-финален меч од ЛШ против Баерн (победа на германскиот тим од 2-1). Поради болки го напушти теренот, а подоцна “Алијанц Арената” на штаки и со заштитна чизма.Се стравуваше од скршеница на коската, но откако таквите црни сценарија веќе беа демантирани, Фергусон пред медиумите изјавил дека повредата …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top