Мурињо:Ваков Интер може да ја освои Лигата на Шампиони

Ваков Интер може да ја освои Лигата на шампионите, изјави по пласманот во полуфиналето португалскиот тренер на Интер, Жозе Мурињо.

 |   | 
Liga Shampioni
Лига Шампиони

PandevВаков Интер може да ја освои Лигата на шампионите, изјави по пласманот во полуфиналето португалскиот тренер на Интер, Жозе Мурињо.

Победите од по 1:0 во двата меча против московска ЦСКА, беа доволни за пласман на Интер во полуфиналето.

„Нанижавме пет победи во Лигата на шампионите и во целост заслужено стигнавме каде што сме. Можеме да зборуваме за целосна трансформација на историјата на Интер во Лигата на шампионите. Полни сме со самодоверба и победнички менталитет и сега сè може да се случи. Независно од тоа дали Интер ќе ја освои титулата во ова натпреварување, од сега, кога Интер ќе стапи на европско тло, овој клуб ќе се гледа во поинаков контекст. Го променивме менталитетот, созреавме и немаме намера да запреме“, рече Португалецот, единствен тренер што три различни екипи доведе до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Пред да успее со Интер, Мурињо успеа да стане шампион на Европа со Порто, а со Челзи настапи во полуфиналето.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top