Мај 24, 2010

(видео) Урнебесна реклама

„Write the future“ е насловот на новата спектакуларна реклама на компанијата NIKE, чии дресови на претстојното Светско првенство во фудбал ќе ги носат поголемиот дел  од репрезентациите.Во триминутната реклама која ја режираше реномираниот холивудски режисер и продуцент Алеандро Г. Инариту, познат по филмовите „21 gram“ и „Babel“ се појавуваат некои од најголемите фудбалери на денешницата.Фудбалерите кои NIKE ги собра во својата нова рекламна кампања се Cristiano Ronaldo, Didier Drogba, Wayne Rooney, Fabio Cannavaro, Franck Ribery, Andres Iniesta, Cesc Fabregas, Theo Walcott, Patrice Evra, …

Мај 22, 2010

Финале во Лигата на шампионите – Интер против Баерн

Двата тима веќе биле европски шампиони. Баерн има четири титули, а последната ја освои 2001 година кога во финалето ја победи Валенсија на пенали. За разлика од нив, Интер и неговите навивачи на пехарот чекаат од 1965 година, кога по вторпат (првата титула ја освоија 1964) станаа европски шампиони.Последен пат во меѓусебен дуел двата тима одиграа во сезоната 2006/07 во групната фаза. Баерн победи во Милано со 2:0, а во Минхен беше 0:0.Во тимот на Интер за очекување е нашиот репрезентативец Горан Пандев да добие доверба од Жозе Мурињо и да биде меѓу стартните 11. Инаку, Мурињо дел од својата…

Мај 22, 2010

Пандев прв македонец по 19 години во финале на Лига на шампиони

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по пауза од 19 години и носи голема промоција на Македонија со своето учество во финалето во Лигата на шампионите  Пандев со Интер ќе игра за титула, со што би бил и прв македонец по двете најголеми легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, кој освоил пехар за европски шампион. Панчев и Најдоски станаа шампиони во 1991 година со Црвена звезда и досега беа недостижни за македонските фудбалери. Сега Пандев има шанса да им се придружи на листата на освојувачи.Европските медиуми во пресрет на дуелот шпекулираат со имињата и првиот состав кој ќе истрча на…

Мај 21, 2010

Во лов на баражот

Походот кон освојување на второто место во групата Ф, кое носи пласман во баражот за Европското првенство во Австрија и во Чешка, македонската одбојкарска репрезентација го почнува вечерва со Шведска (20 ч., директен пренос на А2). Покрај Шведска и „црвено-жолтите“, во групата се наоѓаат уште и селекциите на Португалија (утре 17.30 ч., пренос на А1) и фаворитот Холандија (недела 20 ч., пренос на А2). Императивот на репрезентативците е да се издвојуваат две победи, над Шведска и над Португалија, додека дуелот со Холандија се очекува да биде спектакл за навивачите, а потајните надежи се побед…

Мај 19, 2010

Михајловиќ во пол позиција за да го наследи Мурињо во Интер

Португалецот постојано нагласува дека не е среќен во Италијанскиот фудбал и вчера нагласи дека за него е поважна личната сатисфакција а не финасискиот стимул.Медиумите од Англија вчера објавија дека Интер веќе го контактирал Рафаел Бенитез и се распрашал за можноста менаџерот на Ливерпул да биде наследник на Жозе Мурињо.Таквите информации вчера експресно беа негирани од страна на спортскиот директор Марко Бранка но утрово повторно се појавија нови шпекулации за тоа кои би можел да биде нов тренер на Интер доколку Мурињо замине.La Gazzetta dello Sport вели дека тренерот на Катанија, Синиша М…

Мај 17, 2010

Бубка: Патеките во Охрид и Пекинг – исти по квалитет

Според Диме Спасов, директорот на Агенција за млади и спорт, ова денеска во Скопје го изјавил светски познатиот атлетичар од Украина Сергеј Бубка.Според изјавите на Спасов, Бубка рекол дека охридската атлетска патека е од највисок квалитет, иста како и големите светски атлетски патеки и дека ги исполнува меѓународните стандарди.Сергеј Бубка утрово ја посети Агенција за млади и спорт а во текот на денот ќе одржи прес конференција во Македонскиот олимписки комитет (МОК).Потпретседателот на Светска атлетска федерација Сергеј Бубка најави дека в среда, за првпат на новата атлетска патека во Охр…

Мај 15, 2010

Севернокорејски навивачи „made in China“

Кинеската државна агенција Синхуа објавила дека кинеската канцеларија на Комисијата за Спорт на Северна Кореја дала илјада влезници за натпреварите на својата земја против Бразил и Португалија во Јоханесбург, односно Кејптаун.Ова е втор пат Северна Кореја да се пласира на најелитното светско фудбалско збиднување.Тоа се случи прв пат во 1966-та година, кога ја изненадија светската фудбалска јавност со победата над Италија и пласманот во четвртфиналето.Меѓу кинеските навивачи кои овој пат ќе навиваат за Северна Кореја се наоѓаат и неколку славни личности кои претходно воделе слични групи на н…

Мај 15, 2010

Фан на Интер доби карта за финалето лично од Мурињо

Фановите на Интер поставија кампови пред Banca Popolare di Milano каде што денеска со почеток во 11 часот ќе започне продажбата на 5000 влезници за финалето од Лигата на Шампионите.Нероаѕурите по пауза од 45 години повторно се пред можност да го освојат трофејот од Лигата на Шампионите па затоа помеѓу фановите на Нероаѕурите владее лудило.Со цел да покаже колку ги цени фановите на Интер, Жозе Мурињо реши да даде еден билет на среќен фан но под услов 225 евра, онолку колку што вреди билетот, да бидат уплатени во добротворни цели.“Не можам да им нагодам на сите фанови.” – рече Мурињо за офици…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top