Ное 29, 2010

Федерер заврши второпласиран но со стил

Ја заврши сезоната како второпласиран на АТП-листата, но ја заврши со стил, со титула од Мастерс купот. Роџер Федерер играше доминантно финале во Лондон против Рафаел Надал и, иако го загуби вториот сет со 6-3, изгледаше дека ја има контролата врз резултатот во текот на целата средба. На неговата омилена подлога, го победи (6-3, 3-6, 6-1) најдобриот годинава, Рафаел Надал, за холивудски крај на „кралот“ во центарот на британското кралство.Како што Лондон и арената „О2“ годинава дадоа фантастична организација, со присуство на огромен број познати лица од светот на спортот, шоу-бизнисот и сли…

Ное 22, 2010

Охрид ја доби првата карате репрезентативка

Везира Тотиќ, со освоеното прво место во категоријата до 53 килограми на Државното Првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, обезбеди место во Македонската карате репрезентација. Везира воедно беше и едниствениот женски претставник од Охрид до 21 година на ова државно првенство. Убедливиот настап и максималната доминација во борбите на ова првенство и го обезбедија и местото во репрезентацијата. Таа признава дека патот до место во репрезентацијата бил многу тежок. „На државното првенство имав три борби и се паслирав во финале, каде требаше да освојам максимум за да влезам во ре…

Ное 20, 2010

Мурињо и Марадона во љубов

Жозе Мурињо на Реал ќе му донесе титула први во Европа, само му треба малку време за играчите да сфатат што бара тој од нив на теренот. Тренерските методи на Мурињо се сензационални. Тој им дозволува на играчите да уживаат на теренот, но кога треба железна рака,ќе го стори и тоа. Мурињо знае подобро од кој било друг тренер да ги доведе во ред фудбалерите на теренот, изјави Марадона.Но, Мурињо со иста мерка му возврати на Марадона. На посветата од Мурињо за Марадона на дресот на Реал кој му беше подарен на Аргентинецот, Мурињо напиша:-Незгодно ми е да потпишувам дрес за Дон Диего.Ти си број …

Ное 16, 2010

Гебреселасие се предомисли

Светскиот рекордер во маратон Хаиле Гебреселасие се предомисли и реши да се натпреварува се додека го служи здравјето.Неговиот тренер Волдмескел Костре изјави дека атлетичарот од Етиопија ќе трча уште 8 години, а најави дека тој ќе се појави и на ОИ во Лондон во 2012 година.37 годишниот Гебреселасие најави крај на кариерата по повредата на коленото на маратонот во Њујорк која го спречи да ја заврши оваа трка.Легендата на светската атлетика во својата кариера постави 27 светски рекорди.{loadposition content9}

Ное 11, 2010

На турнирот „Златен гонг“ доаѓа европската боксерска елита

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од денеска до сабота ќе се одржат борбите од 40-тото јубилејно издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.Свеченото отворање е закажано за 18 часот и 30 минути. Претходно од 14 до 18 часот ќе започне првата половина од четврт-финалето, а по Свеченото отворање до 22 часот е планирано да траат преостанатите четврт-финални мечеви.Полуфиналните борби се закажани за утре со почеток во 17 часот, а финалните натпревари ќе се одржат в сабота на 13 ноември на Денот на ослободувањето на Скопје со почеток во 15 часот.Награден фонд изнесува…

Ное 6, 2010

Младите струшки шахисти треба да се докажат

Шахот како древен спорт не смее да згасне во Струга. Посебно имајќи го во предвид фактот што во овој спорт, на светската сцена редовно се спомнува името на врвната шахистка Габриела Коскоска, која потекнува од Струга. Јуниорската лига на шаховски школи започнува утре ВО Струга, а настанот  во телефонска изјава го најави Коскоска. Таа кажа дека максимално се заложиле за учество на млади вљубеници на овој спорт,од кои очекуваат да ги покажат својте квалитети. Коскоска за ТВМ, свој осврт даде и На неодамна одржаната шаховска олимпијада во Русија. Шахот како и останатите спортови во Македонија …

Окт 30, 2010

Продолжуваат ракометните квалификации, Македонија гостува во Сараево

По победата над Естонија македонските репрезентативци очекуваат тешко гостување во Сараево. Домаќинот во рамките на групата „1“ во првото коло загуби од Унгарија на гости.- Очекувам полна сала. Сум играл во Босна и Херцеговина и очекувам пеколна атмосфера и тежок натпревар, каде ќе решаваат и одбраните и нападите. Нашиот напад ќе мора да биде посигурен отколку во дуелот со Естонија. Мораме да одиграме 40-50 проценти подобро отколку во средата со Естонија, истакна голманот на Македонија, Борко Ристовски.За македонскиот в.д. селектор и „клупата“ ќе решава околу конечниот исход.- Ќе мора и рез…

Окт 26, 2010

Октоподот Пол пронајден мртов

Менаџментот и вработените во Oberhausen Sea Life аквариумот беа потресени кога го најдоа Пол мртов во својот аквариум.-стои во соопштението од Sea Life. Пол ги развеселуваше луѓето од сите континенти со своите седум точни предвидувања за натпреварите на германската национална екипа,и со точното предвидување за финалето.Ни беше близок на сите и ќе ни недостига.Умре мирно ноќеска,со природна смрт.Утешна мисла е дека имаше убав живот со нас и најдобра можна нега-изјави генералниот управник Стефан Порвол.Октоподот Пол ќе биде кремиран. Октоподот Пол имаше повеќе насловни страни за време на Прв…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top