Јан 25, 2011

Мурињо и Милито добитници на Италијанските Фудбалски Оскари

Синоќа беа доделени италијанските фудбалски Оскари во кои очекувано доминираа фудбалерите на Интер кои ја освоија историската тројна круна.Напаѓачот на Нероазурите, Диего Милито беше прогласен за најдобар фудбалер.”Ова е огромна награда за мене. 2010 е година која секогаш ќе ја паметам” – изјави Диего Милито.Најзаслужниот за титулите на Интер, Жозе Мурињо, очекувано ја доби наградата за најдобар тренер.Поради обврските со Реал Мадрид, Португалецот не можеше да дојде на свечената церемонија.”Жал ми е што нема да бидам таму, но натпреварот против Севиља кој го играме во среда ми го оневозможи…

Јан 21, 2011

Октоподот Пол доби свој споменик

Откако ја стекна својата слава погодувајќи ги резултатите од натпреварите за Светското фудбалско првенство во Африка, октоподот Пол доби свој споменик во аквариумот во кој живееше.Аквариумот „Морски живот“ во Оберхаусен во четвртокот откри пластична копија на октоподот Пол со висина од 1,8 метри, која со своите пипки држи фудбалска топка.Потпаролот на аквариумот Тања Мунзиг изјави дека пепелта на кремираниот октопод Пол е сместена во урна, што се наоѓа во внатешноста на топката.Октоподот Пол ги погоди сите седум натпревари на репрезентацијата на Германија, како и финалето во кое играа Шпани…

Јан 21, 2011

Пенант заборавил Порше во Шпанија!!!

Сосема нормално е да се заборават клучеви на маса, датум на роденден или нешто слично меѓутоа досега сигурно никој нема чуено човек да заборави дека поседува Порше. Тоа му се случи на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Арсенал и Сарагоса, Пенант сега член на Стоук.Имено градските власти на Сарагоса се обратиле до шпанскиот прволигаш поради скапоцениот автомобил со регистарски таблички “П33ННТ” кој бил паркиран на локалната железничка станица изминативе пет месеци. Поршето морало да биде обиено за да се влезе во него, а на предното седиште биле најдени клучевите од автомобилот.Нормално англис…

Јан 14, 2011

Ф1 болидите ќе звучат „секси“ во 2013

Ф1 во 2013 преминува на нисколитражните 1.6 мотори со турбо полначи, а вртежите ќе бидат намалени на 12 000. Лука ди Монтеѕемоло, Берни Еклстоун и уште неколку „фаци“ од Ф1 падокот го поставија прашањето за звукот на новите мотори, а Италијанците од Ferrari дури се спротиставија на воведувањето на овие мотори.Но доколку звукот е во прашање, тогаш Фернандо Алонсо им даде причина повеќе на фановите да не се сомневаат во звукот кои моторите од 2013 ќе го произведуваат.„За возачите, нема да има голема промена,“ – одговори Алонсо откако беше прашан дали звукот нема да биде истиот. „Тоа е така би…

Јан 6, 2011

Леонардо ќе стартува со Пандев

Леонардо како тренер на Интер вечерва ќе го го има своето деби на Џузепе Меаца против Наполи во рамките на Серија А…Бразилецот во своето деби ќе стартува со нашиот Горан Пандев исто како што направија и Жозе Мурињо и Рафаел Бенитез.Леонардо ќе мора со сите свои сили да настапи од секој аспект како лидер со цел да ја поправи ситуацијата која владее во Интер, тој мора да го врати тимот во вистинскиот ритам на игра како што доликува на еден Европски шампион.На прес конференцијата пред натпреварот новиот тренер на Интер изјави дека најважно од се е сите да бидат свесни за силата која ја посед…

Дек 29, 2010

Почина Атина Бојаџи

Доцна синоќа во Скопје, на 66 години, почина македонската пливачка и воопшто спортска легенда, Атина Бојаџи. Целиот живот го посвети на пливањето и во 1962 година со победите на маратоните во Охридското Езеро и на патеката Капри-Наполи стана двократен светски првак и на слатки и на солени води.Атина Бојаџи е првата Македонка која го преплива каналот Ламанш во 1969 година, потоа мотивирајќи и други наши спортисти да го направат истото низ годините. Воедно, Бојаџи останува запишана и во светската пливачка историја како првата жена на која ѝ успеал овој подвиг. Во 1998 година, Македонскиот оли…

Дек 2, 2019

ОХРИДСКИОТ ГРАДСКИ СТАДИОН ЌЕ ДОБИЕ МОДЕРНА СПОРТСКА ТРИБИНА

Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, наредниов период започнуваат со реализација на крупен проект, изградба на нова спортска трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Проектот е вреден 1.000.000 евра. Градежните активности ќе започнат по правосилноста на одобрението за градба и избор на изведувач. Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди, ќе биде сместена од спротивната страна на постоечката трибина и ќе има капацитет од 1480 седишта .Во нејзиниот централен дел се предвидени вип седишта, коментаторска кабина и простор за камери. Еден дел од трибин…

Дек 27, 2010

Кина ќе го учи светот

За да не испадне дека само Кинезите победуваат на светските првенства во пинг-понг, Кина несебично одлучи да го сподели своето знаење и со земјите кои најчесто ги плескаат на најразличните натпревари.Земјата има издвоено 22,5 милиони долари за изградба на објект за новата Академија за пинг-понг во Шангај, што треба да почне да врши упис на странци од септември идната година. Пинг-понг курсот ќе трае четири години.Тренери на академијата ќе бидат Лиу Гуолиан и Ше Џихао, кои беа тренери на шампионските репрезентации на Кина на Олимпијадата во Пекинг, кога Кинезите ги освоија сите медали во пин…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top