Апр 21, 2011

Охрид конечно доби вештачка карпа

Пуштена во употреба вештачката карпа. Станува збор за спортски реквизит кој во голема мерка ќе помогне за подобрување на активностите во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи. Тука Црвен крст Охрид ќе може да продолжи со континуираната обука и надградување на знаењата на членовите на Единиците за спасување на планина и непристапни терени. Впечатоците крајно позитивни. Прeтеседателот на О.О. на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко, истакна дека овој спретски реквизит, а воедно и целата мала сала која е ставена во функција ќе претставува привлечна сила за голем број млади луѓе од …

Апр 16, 2011

Мешани боречки вештини-презентирани од врвен хрватски борец

Mixed Martial Arts е посебна боречка вештина која пред Охриѓани ќе ја презентира Малечкиот Кро коп како што го нарекуваат хрватот Зелг Галешиќ. Тој во соработка со охридскиот фајт клуб МАСТЕР почнувајќи од 15ти па се до 17ти Април организира тренинг камп за сите ентузијасти и заинтересирани за овој популарен спорт. Галешиќ потенцира дека Македонија е земја во која има многу талент за овој спорт и тој само ќе се обиде во овие три дена што повеќе да го доближи до заинтересираните. „ Добро, ова што го гледате тоа е ММА тренинг, или мешани боречки вештини, еден од најголемите и еден од спортов…

Апр 16, 2011

Осминафинални средби од Велигденскиот турнир во мал фудбал

Големиот Велигденски турнир во мал фудбал се наоѓа во својата завршна фаза. Вчеравечер започнаа осминафиналните пресметки помеѓу преостанатите екипи. Во оваа фаза се најде и екипата на Ремис која е дел и од организацијата на самиот турнир. Тие се задоволни од досегашниот тек на натпреварите. Велигденскиот турнир во мал фудбал кој се игра во салата „Билјанини извори“ се ближи кон својата завршница. Овој турнир е еден од најголемите турнири во земјава. Почнувајќи од 5ти Април на овој турнир се натпреваруваа 24 екипи за во овие моменти да останат најдобрите 16. Меѓу последните 16 екипи се нај…

Апр 15, 2011

Периодот на подоготвки заврши

Прва станица Бургас, соседна Бугарија. За најдобриот македонски едриличар, Ердал Љушо оваа регата ќе биде увертира пред учеството на Европското првенство ова лето во Холандија. Струшките едриличари подговтвени за претстојните натпревар. После периодот на неколкумесечни интензивни подоготовки, започнаа со тренинзите во вода. Пред нив  учество на многу регати, едно Балканско и едно Европско првенство. Ердал Љушо, од Е.К „Снегар“, подготвен за првата овогодишна меѓународна регата, на која е најавено учеството на претставници од речиси сите држави од Балканот. Иако не е една од неговите омилен…

Апр 8, 2011

Крај на симулирање во фудбалот

Британската компанија Smallfry патентира штитник за фудбалери (или популарниот костобран)  опремен со сензори кој ќе ги намали шансите на фудбалерите за симулирање фаули.„Секој штитник содржи два сензора, едниот потврдува дека ногата на соперникот е блиску а другиот го регистрира самиот контакт.  Само во случај кога ќе се активираат двата сензора се уклучува алармот. Ако фудбалерот симулира нема да се уклучи сензорот за контакт. Ако се обиде сам да се удри по штитникот со другата нога нема да се уклучи сензорот за близина на соперничка нога“- објаснил Енди Шоу, иноватор од Smallfry.Се разби…

Апр 2, 2011

Охрид добива младинска кошаркарска лига

Младите таленти на охридската кошарка денес зачекорија по стапките на своите идоли. Во Охрид се формира младинска кошаркарска лига. Оваа лига е составена од четири екипи меѓу кои Езерца, Освојувачи, Рисови и Величенствени. Ваквиот начин на натпреварување ќе им овозможи на младите кошаркари да покажат што знаат пред јавноста. „Со големо задоволство сакам да ве известам вас и охридската јавност дека започнуваме со ГЛОБАЛ кошаркарската лига која е во организација на кошаркарскиот клуб ГЛОБАЛ од Охрид. Учествуваат 4 екипи и се натпреваруваат во лига систем.“-рече Дарко Трајчески-Тренер во Коша…

Апр 2, 2011

90 години од првата фудбалска топка во Охрид

„Средбата на генерациите“ на охридскиот фудбал која се одржа денес, не врати со години наназад до самите почетоци на фудбалската игра во нашиот град. Најзначајните фудбалери од Охрид низ годините од генерациите `48ма, `54та, па се до денес како и екипи и гости, на денешната свечена седница одбележаа еден значаен датум за охридскиот фудбал. „Денешнава седница е одржана по повод 90 години од првата фудбалска топка во Охрид и првиот фудбалски клуб формиран во 1921 година. Се смета дека првата топка била донесена од француските војници кои враќајќи се од Солунскиот фронт отседнале во Горица, к…

Мар 29, 2011

Литванската “нива за компири” го врати Иниеста во детството

Репрезентацијата на Шпанија допатува во неделата во оваа балтичка земја, но беше изненадена од она што го виде на стадионот Дариус и Гиренас. Дел од фудбалерите и селекторот се прашуваа како ќе играат во вакви услови и преку својата федерацијата се обидоа да ја информираат УЕФА за тоа што се случува во Каунас. Стравуваат дека раскопаниот терен може да донесе незгодни повреди.”Теренот не е добар, тоа е факт. Ние сме подготвени да истрчаме, меѓутоа според мене за доброто на фудбалерите не треба да се игра фудбал. Долгата зима очигледно си го сторила своето, а од Литванската федерација не през…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top