Окт 13, 2011

На маратонец му ја одзедоа бронзата затоа што место да трча се повозил со автобус

Роб Слоун го освои третото место на маратонот Кедлер во северна Англија, но медалот му е одземен бидејќи дел од патеката ја мина со автобус.Маратонецот Роб Слун во неделата заедно со 1.700 натпреварувачи го започна маратонот во северна Англија, но по претрчани 32 километри тој не можел веќе да го издржи темпото.Наместо да се откаже, тој се качил на автобус. Во близината на целта, тој се симнал од автобусот и се сокрил покрај патот, чекајќи го вистинскиот момент за да се врати на патеката. За да не биде премногу сомнително, тој се вратил во трката зад двајцата водечки маратонци и маратонот г…

Окт 11, 2011

Одложен стартот на „NBA“

„Верувавме дека нема да дојде до ваквата ситуација, ама во сите точки на преговорите сме уште многу оддалечени и никако не успеваме да се приближиме. Меѓу нас има јаз кој не дели. Сметам дека треба да се фокусираме на компромиси и да спасиме она што можеме повеќе“, изјави Штерн.Во првите две недели од „NBA“ сезоната би требало да се одиграат 100 натпревари.Последен пат почетокот на „NBA“ сезона доцнеше поради „локаутот“ во сезоната 98/99, во која играчите  одиграа само 50 од предвидените 82  натпревари.{loadposition content9}

Окт 11, 2011

Истрчала маратон и се породила во ист ден

Американката Амбер Милер (27) родила ќерка и тоа неколку часа откако го истрчала чикашкиот маратон, објави „Дејли Хералд“.-Беше тоа најлуд ден во мојот живот, изјави Милер, која на трката тргна во својата 39. недела од бременост.-Неколку минути по доаѓањето до целта, започнаа болките. Кога станаа неподносливи земав сендвич и тргнав во болница, додаде таа.Милер е искусна атлетичарка со осум истрчани маратони зад себе. Пред трката во Чикаго се советувала со лекар кој и дал дозвола за учество, но под услов да трча комбинирано со одење.Маратонот го завршила за 6 часа и 25 минути. Седум часа под…

Сеп 28, 2011

Најдобрите македонски стрелци во Охрид

Несекојдневна можност за репрезентаивците да научат нешто од директорот на Академијата, која функционира во рамките на Меѓународната спортска стрелачка федерација. Економската криза во македонскиот спорт и самиот однос кон стрелаштвото, сеуште најголемите проблеми.Тодоровиќ додава дека  пристапот кон проблематиката на спортот во Македонија и регионот пошироко, не е својствена само за стрелаштвото. Треба да се работи на моментите на организација,дисциплина и посветеност во спортот. Потенцира дека не само во Македонија, туку во целиот регион, економската ситуација не е на задоволително ниво и…

Сеп 20, 2011

Балканскo злато за Јован Jованоски

Јован потенцира дека на последната балканијада, неспоредлива е логистиката и пропратниот персонал на турската репрезентација и нашата Македонската. Ентузијазмот не е секогаш доволен, како за учеството на одржувањето на овие натпреаврувања, така и за самите подготовки. Потребни се средства и луѓе. Голема желба на Јован е учествувото на Тур де Маcedonia трката, за која после пауза од 8 години се надева дека ќе се одржи догодина. А негов сон останува учеството на UCI world cup во Јужна Африка, еден вид пандан на Тур де франс во планински велосипедизам.Оваа сезона останува едно натреварување, к…

Сеп 20, 2011

Јави се јужна…Јужна си ги лакира ноктите

Турските фудбалски клубови чии навивачи ќе прават хаос на натпреварите, ќе бидат казнети со играње натпревар исклучиво пред жени и деца.Тоа значи дека досегашниот принцип на казнување со играње натпревар пред празни трибини, ќе биде заменет со забрана за присуство на машки навивачи постари од 12 години. Според новото правило на Турската фудбалска асоцијација, пред да бидат пуштени на влезот, децата ќе мора да се легитимираат.”По оваа одлука, која е прва во светот на фудбалот, нема да има штама и невозбодуливи натпревари одиграни без публика. Промената ќе ги натера клубовите да ја сфатат уба…

Сеп 15, 2011

„Се гинеше“ и на трибините

Македонските кошаркари “изгинаа” на теренот, а околу 200 македонски навивачи го оставија срцето на трибините.Освен тешката борба на нашите кошаркари на теренот, борба имаше и на трибините. Македонските навивачи беа под постојан притисок од страна на 15.000 домашни навивачи и често влегуваа во конфликт со обезбедувањето, но за среќа, сѐ добро се заврши.{loadposition content9}

Сеп 15, 2011

„Macedonia has balls“

Историскиот успех на нашите кошаркари го привлече вниманието на светските медиумски брендови кои ја потенцираат извонредната кошарка која ја промовира Македонија, не само на последниот дуел со Литванија, туку и низ целиот турнир.Светските медиумски куќи велат дека срцето, храброста и единството на терен на нашите момци е рецептот за победи.Во коментарот на рускиот весник „Вести“ стои:- Кога пред натпреварот Русија – Македонија прашав некои литвански кошаркарски стрчњаци што имаат Македонците така во себе што од анонимуси редат сега изненадувачки успеси еден од нив ми одговори најпросто ‘Mac…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top