Ное 24, 2011

Хулигани во Косово го запалија македонското знаме

Македонското знаме гореше на фудбалскиот натпревар помеѓу Лепенци и Дрита, во рамките на косовската Суперлига. Хулиганите потоа истакнале и транспарент на кој пишувало, „2012 година не е крај на светот, туку крај на Македонија“. Ова не е првпат навивачите во Косово да го запалат македонското знаме. Тоа го направија и во 2009 година, кога беше издадена македонската енциклопедија. Фудбалската федерација на Косово не е признаена ниту од ФИФА, ниту од УЕФА, а со тоа и нивната лига е, всушност, „рекреативна“. Ова би значело дека за вакви провокации не може да има санкции за косовскиот фудбал, но…

Ное 19, 2011

Рибери и Бензема ослободени од обвиненијата

Фудбалските ѕвезди на Баерн Минхен и на Реал Мадрид, француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема се ослободени од обвиненијата во аферата за малолетничка проституција. Француското обвинителство ги повлекло обвинувањата откако е утврдено дека двајцата не можеле да ја знаат возраста на мароканската проститутка Захија Дехар, која во 2009 година, кога имала 16-години неколкупати имала сексуални односи со Рибери и Бензема.По обелоденувањето на скандалот двајцата фудбалери, кои првин негираа дека имале нешто со елитната париска проститутка, за потоа да признаат дека повеќепатпи биле …

Ное 15, 2011

Резултати за поздрав

Охридските стрелци со воздушна пушка, надмоќно први. На шестиот по ред Куп со воздушно оружје од меѓународната програма, кој викендов се одржа во Скопје, по повод 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, Охриѓанчињата со завидни резултати. Пионерчињата од СК,,Охрид”  ги постигнаа следните резултати1.Миленкоски Кирил 170 круга2.Гоџоски Мартин 169 круга3.Достиноски Иво 169 круга, Кај пионерките: 1. Попоска Ирена со 172 круговиВо  меѓународна програма во сениорска конкуренција Шишкоски Михаил со освоено 2 место со резултат од 556 круга,.Претходниот викенд пак во Охрид се одрза и Држа…

Ное 11, 2011

Повеќе или помлаку, подготвени

Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи во ослабен состав на пријателскиот натпревар во вторник, против репрезентацијата на Албанија. Селекторот Џон Тошак информира дека е разочарувачки што повторно недостигаат пет важни играчи, Новески, Попов, и секако Пандев кој одиграл само еден натпревар откако на чело на репрезентацијата е Тошак. Селекторот се надева дека  Ибраими ќе им се приклучи во недела за натпреварот. Стратегијата со која ќе настапат ке се знае еден ден пред натпреварот, открива селекторот Тошак.„ Покрај овие пет играчи кои недостасуваат и се под знак прашалник, има и пе…

Ное 8, 2011

The thrilla in Manila – Сеќавање на Џо Фрејзер

Легендарниот боксер Џо Фрејзер во својата богата кариера беше поразен само четири пати на 32 борби, но синоќа на 67-годишна возраст ја загуби борбата со ракот. Американецот имаше рак на црниот дроб и по кратко боледување замина во вечното почивалиште. Фрејзер најмногу ќе биде запаметен по трите епски борби со Мухамед Али. Тој беше првиот што успеа да го порази Али и тоа со нокаут во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк во март 1971 година. „Секогаш ќе се сеќавам на Џо со почит и восхитување. Сакам да изразам длабоко сочувство до неговото семејство“, изјави Мухамед Али преку соопштение. Кариерат…

Ное 5, 2011

Синдикатот на НБА играчите пред распад!

Како што стојат работите по најновиот развој на настаните, одброени му се деновите на синдикатот на НБА играчите кои од први Јули стапија во штрајк, на тој начин предизвикувајќи го фамозниот „локаут“. Имено според изјавите на неименуван извор, вкупно 50 играчи најавиле дека ќе го напуштат здружението, доколку на наредната рунда од преговорите со сопствениците на клубовите, не биде постигнат никаков напредок. Играчите се огорчени затоа што комесарот на лигата веќе го откажа целосниот натпреварувачки распоред што беше предвиден за Ноември. Се поголем е бројот на кошаркари кои што се сомневаат…

Окт 24, 2011

Роси: „Го убив својот најдобар пријател“

Мотоспортот се уште не може да се закрепне од трагичната смрт на Марко Симончели, кој вчера наутро загина на патеката „Сепанг“. Шесткратниот светски првак во Мото ГП, Валентино Роси најави повлекување од спортот откако директно беше вмешан во несреќата и смртта на младиот 24-годишен мотоциклист. „Го убив својот најдобар пријател. Повеќе нема да се натпреварувам“, му најавил Роси на својот тимски менаџер. Едвардс и Роси го прегазија Симончели на вчерашната трка за Големата награда на Малезија откако младиот Италијанец падна од моторциклот. Експертите велат дека Едвардс и Роси во никој случај…

Мар 30, 2021

Утре езерско дерби ГРК Охрид – РК Струга

По тешкото гостување во Скопје и победата над Пролет охридските гладијатори покажаа дека можат да играат против сите екипи на било кој терен. Сега полни со самодоверба ги очекуваат куп пресметките. Првиот натпревар е утре против Струга, познатото езерско дерби во кое уште еднаш охриѓани очекуваат победа.„На ред е купот, езерско дерби за кое се подготвивме и нема да имаме проблем утре на натпреварот. Потоа на ред е Бутел и се надевам поминување во полуфиналето.“ -Филип КривокапиќГлавна цел на  ГРК Охрид останува обезбедување место меѓу првите четири екипи. Во минатото напорниот ритам  од два…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top