Апр 9, 2012

Ватерполистите шести

Ватерполо репрезентацијата на Македонија ги заврши предолимписките квалификации во Едмонтон на 6. место.Причина за поразот за избраниците на селекторот Поповски беше очајниот старт на мечот кога во првиот период губеа со 4:0.Во продолжението ватерполистите заиграа далеку подобро и со серија од 3:0 во последната четвртина поведоа со 9:8. Македонија на 1:25 минута до крај имаше предност од 10:9, но Кубада со два гола по ред од кои решавачкиот на 20 секунди пред крај го одлучи победникот. Најистакнат поединец во македонскиот состав беше Мирослав Ранџиќ со четири гола, Марко Мартиниќ даде два, …

Апр 2, 2012

Пораз на мaкeдонските ватерполисти

Македонија го загуби првиот меч од квалификациите за ОИ во Лондон. На турнирот кој се одржува во Едмонтот (Канада), македонските ватерполисти доцна синоќа во 1.коло од групата „А“ се поразени од Грција со 12:2 (по четвртини 1:0; 3:2; 3:0 и 5:0). Матео Чук е единствениот во нашата репрезентација кој постигна погодок. Двапати се запиша во листата на стрелци. Три четвртини поминаа без погодок на нашите ватерполисти. Денеска во 23 часот и 40 минути Македонија ќе игра против Холандија, која синоќа беше поразена од Црна Гора со 12:6. Вчера Германија ја совлада Романија со 10:9. {loadposition cont…

Апр 2, 2012

Камбек на Ленокс Луис

Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко.- Уживав во пензијата, но јас имам недовршена работа и околу 125 милиони причини за да се вратам. Кличко, се радувам на 29-ти септември, напиша Луис.Иако е можно да се работи за првоаприлска шега, сепак веста предизвика внимание кај вљубениците во боксот ширум светот. Луис е последниот боксер кој го победи постариот Кличко, актуелниот првак во ВБЦ верзијата, со судска одлука во шестата рунда. Борбата се одржа во Лос Анџелес во јуни …

Мар 26, 2012

И Тајсон ќе стане уметник

Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон кој призна дека се однесувал како „неандерталец”, сака да биде уметник. Мајк Тајсон, поточно, во април на сцената во Лас Вегас ќе го постави својот автобиографски монолог „Мајк Тајсон: неоспорена вистина – во живо на сцената”.„Се надевам дека луѓето ќе се забавуваат, и ќе си заминат среќни. Се надевам дека ќе научат некои работи. Мојата приказна не е убава, во неа има многу грди нешта”, изјави Тајсон кој во 1986 година во својата дваесетта година од животот стана најмладиот светски шампион во тешка категорија во историјата на боксот.На публик…

Мај 19, 2021

На 23-ти мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата“

Под слоганот „Трчаме рецитираме“, во недела, на 23-ти мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата“. Целта на настанот, како што соопшти организаторот, здружението „Спортски мостови“ од Струга, е да се подигне свеста на луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето. – Преку трката на поезијата, од пет и од 10 километри, Струга ќе биде домаќин на голем број успешни спортисти и атлетичари, спортски работници, како од нашата земја, така и од другите држави. Слоганот „Трчаме рецитираме“ дава многу убава релација на спортот и она што е препознатливо за овој …

Мар 26, 2012

Алонсо прв во Сепанг

Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо успеа да изненади и да победи за големата награда на Малезија, откако стартуваше од 9. позиција. Големо изненадување направи и Серхио Перез кој заврши на втората позиција и за прв пат во неговата кариера се искачи на подиумот. На третата позиција заврши Луис Хамилтон.По само 9 извозени кругови, трката за големата награда на Малезија беше привремено прекината, поради обилниот дожд. Подоцна, во 11:15 часот, трката продолжи. Во 16. круг Фернандо Алонсо успеа да го престигне Перез и да ја завземе првата позиција. Од тогаш, Алонсо не направи ниту една грешка и …

Мар 21, 2012

Стартува училишната лига на спортови

Секоја среда и сабота од денес па до крајот на учебната година, ќе биде резервирана за спорт. Поразени или победници, во напад или во одбрана, денес во спортската сала „Атина Бојаџи“ најмладите се натпреваруваа и навистина уживаа во фудбалот.Во фудбал ќе се натпреваруваат  учениците од шестите одделенија, додека во одбојка учениците од седмите и осмите одделенија. Средните училишта ќе се натпреваруваат во и во фудбал, одбојка и пинг-понг. Почеткот на училишната спротска лига го означи градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека ваквите масовни спортски манифестации треба да бидат …

Мар 12, 2012

Отворен музејот на Енцо Ферари

Италијанецот кој што е роден на 18-ти февруари, 1898 година, во 20-тите години на минатиот век ја основа својата компанија, сега веќе етаблиран светски бренд – Ferrari. Тоа е единствениот тим во Формула 1, кој што учествувал на сите трки од основањето на овој шампионат во 1950 година. Овој музеј ќе го носи името “Museo Casa Enzo Ferrari” (Куќата Музеј на Енцо Ферари) и во него јавноста ќе може да погледне детали од животот на Енцо низ фотографии, филмови, лични предмети и документи. Во овој комплекс од 6000 метри квадратни исто така се сместени голем број од креациите на Ферари. Во текот на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top