Јул 16, 2012

Македонија без најдобриот стрелец на Летните олимписки игри во Лондон

Скандал ја тресе стрелачката федерација на Македонија. На летните олимписки игри кои на крајот од месецов започнуваат во Лондон, Македонија ќе оди без најдобриот стрелец во женска конкуренција. Надица Апостоловска која се натпреварува во дисциплината 10 метри со воздушна пушка, за жал останува дома. Инаку, првичната одлука на стручниот штаб на федерацијата, донесена на 9 Март 2012 година, била Надица да патува на олимписките игри. Оваа одлука била потврдена и следниот ден на состанокот на извршниот одбор, но до 12 Март, односно денот кога истекува рокот за пријавување на натпреварувачите, н…

Мај 14, 2012

„Стотката“ на Реал Мадрид

Жозе Мурињо клекна на колена пред своите фудбалери кои имаа одлични настапи во Примера дивизион оваа сезона. Кога Икер Касилјас го крена шампионскиот пехар, Португалецот клекна на колена и им се поклони на фудбалерите од Реал Мадрид.  Фудбалерите на Реал Мадрид со 4-1 ја совладаа Мајорка. Пронижаа неверојатни 100 бода во Примера дивизио. Кристијано Роналдо беше стрелец на првиот гол во 19.минута. Карим Бензема само четири минути подоцна зголеми на 2-0. Во второто полувреме Месут Озил беше стрелец на два гола, а Кастро стрелаше за Мајорка.Малага оди во Лигата на шампионите, а Вилјареал, Спор…

Мај 14, 2012

Пожар во гаражата на Вилијамс

Шеснаесет лица се повредени во пожарот што избувна вчера во гаражата на тимот на Вилијамс додека се возеше шпанското гран при во Барселона.Огнот се појави на само неколку минути откако возачот Пастор Малдонадо го освои првото гран при за Вилијамс по 8 години.Еден од повредените од тимот на Вилијамс со хеликоптер е префрлен во болница во Барселона со сериозни изгореници. Пет лица се префрлени во локалните болници поради вдишан чад. Десет лица на самото место се третирани од последиците на вдишаниот чад.Причина за пожарот најверојатно е електричната инсталација на болидот на возачот Бруно Сен…

Апр 30, 2012

Надал најдобар во Барселона

Матадорот со 2:0 во сетови славеше против сонародникот Давид Ферер. До седмиот наслов во каталонската престолнина стигна по тешка битка која траеше 2 часа и 40 минути. Посебно неизвесен беше првиот сет, кој Рафа го доби во тај –брејкот со 7:6 (7:1). И вториот понуди многу борба, меѓутоа вториот светски рекет, овој пат му дозволи еден гем помалку на противникот и славеше со 7:5.Од статистиката која можеби му ја донесе победата важно е да се издвои дека Надал многу подобро ги користеше брејк-шансите во однос на ривалот, 40 наспроти 20 отсто во негова корист, а имаше и четири аса, наспроти ние…

Апр 30, 2012

Ќе има ли Еуро 2012

Германските политичари го зголемуваат притисокот врз официјален Киев поради информациите околку затворските услови на кои е изложена поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко. Министерот за животна средина Норберт Ретген е првиот член од кабинетот на канцеларката Ангела Меркел кој истакна дека е против тоа политичарите да присуствуваат на фудбалските натпревари во Украина. „Безусловно би морало да се спречи, украинскиот режим да го користи првенството за потврда на својата диктатура“, изјави Ретген за весникот „Билд“ и дополни „Затоа сметам дека посетата на министрите на Европското …

Апр 26, 2012

„Скокна“ наградниот фонд на Вимблдон

Зголемената популарност на тенисот како спорт придонесува од година во година се повеќе да растат и наградите на најголемите турнири. Токму тоа е случај и со Вимблдон, откако организаторите на овој престижен тениски турнир објавија дека вкупниот награден фонд за 2012 година ќе изнесува 16,1 милиони фунти, што е за 10% повисока сума во однос на оваа од ланското издание на неофицијалното светско тениско првенство.   Интересно е што зголемувањето на наградите најмногу ќе го почувствуваат оние што рано ќе бидат елиминирани, бидејќи процентуално гледано најмногу се зголемени токму нивните премии…

Апр 26, 2012

Ќе слави ли Баерн?

Баерн Минхен ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, но на натпреварот против Челси тие освен предноста од домашниот терен, нема да имаат многу поголема поддршка од своите навивачи.Финалето на Лигата на шампиони ќе се одигра на 19 мај на Алијанц арената во Минхен, домашниот стадион на Баерн и тоа сигурно ќе биде од огромна помош за Баварците, но поддршката од трибините ќе биде подеднаква и за нив и за Челси.Капацитетот на Алијанц арената изнесува 69.000 гледачи, но на европските натпревари капацитетот е намален на 66.000 гледачи.Според прописите на УЕФА, за финалето од Лигата на …

Апр 23, 2012

Фетел прв во Бахреин

Формула 1 шампионот Себастијан Фетел се врати на врвот во генерален пласман остварувајќи ја првата победа за Ред Бул во оваа сезона на интересната трка во Бахреин.Со 22. победа на 24-годишниот Германец, и прва во кралството во Персискиот Залив, формула 1 сега има четири победници во првите четири не-европски трки.Тој добро се испоти во последните кругови во борбата со светскиот шампион од 2007, Кими Раиконен, кој заврши втор пред својот колега Роман Грожан, во фантастичен резултат за тимот на Лотус, додека четврти беше Марк Вебер во вториот Ред Бул, и сега има четири четврти места во 2012.”…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top