Сеп 17, 2013

Репрезентацијата на Финска го заврши Европското првенство во кошарка со победа

Репрезентацијата на Финска, која е убедливо најслабата во групата, успеа да ја совлада Словенија со убедливи 92-76. Дури и во ситуација кога овој меч не им значеше ништо, Словенците сепак мораа да одиграат за својот рејтинг. Божидар Маљковиќ го почна мечот со својата најсилна петорка, но, сепак, Финска поведе со 9-0. Сепак, брзо работите дојдоа на свое место, барем во овој прв дел од дуелот, па Словенците израмнија на 11-11, а потоа и ја комплетираа првата четвртина со предност од 26-22. Но, Финците се служеа со своето најдобро оружје, ударот за три поени и беа успешни. Го добија вториот пе…

Сеп 12, 2013

Промовиран болирот на струја на „Рено“

Новиот Renault Spark SRT_01E e електричен тркач кој ќе се натпреварува во првата сезона на шампионатот Formula E.Официјалното деби, електричниот тркач на Французите го имаше денеска на Салонот за автомобили во Франкфурт. Автомобилот со звучно име SRT_01E e резултат на соработката меѓу многу партнери, а за изработката ќе биде задолжена француската фирма Spark racing technology.Полесната шасија е направена од карбонски влакна и од алуминиум. Електричниот мотор, менувачот и електрониката ги обезбеди познатата компанија со многу успеси во Формула 1 -McLaren, додека, пак, уште еден познат бренд …

Јул 10, 2013

Зоран Донев патува на Светското првенство во таеквондо во Бугарија

 Боите на македонското теквондо, ќе ги брани младиот охриѓанец Зоран Донев . Тој од 17 до 21 јули ќе учествува нa Светското првенство во таеквондо која ќе се одржи во Софија, соседна Бугарија. Најголемиот дел од тренинг сесиите кои го трошат речиси целиот негов ден, Донев ги минува на усовршување на експлозивноста и физичката подготвеност, додека поладне работи на техниката и секако спаринг тренинг во самата арена, заедно со неговиот тренер Марјанчо Лазарески.„Се подготвував за ова светско првенство конкретно, последниве два месеци, а активно тренирам пет години што всушност е и подоготовка…

Јул 5, 2013

Бартоли и Лисицки во женското финале на „Вимблдон“

Тенисерката од Франција по еден час и пет минути игра во два сета со 6:1 и 6:2 славеше над белгијката Кирстен Флипкенс. Ова за Бартоли ќе биде второ Гренд Слем финале откако во 2007-та година на истиот турнир во мечот за титулата се сретна со Венус Вилијамс, но не успеа да слави. Бартоли во финалето ќе игра со Сабине Лисицки која по маратонскиот меч со 2:1 во полуфиналето ја совлада Агњешка Радванска.Со тоа 24-та тенисерка во светот стана првата германка која се пласирала во финалето на Вимблдон по Штефи Граф која последен пат за титулата играше во 1999-та година. Досега најдобар резултат и…

Јун 12, 2021

УЕФА: Ериксен е во стабилна состојба

Ериксен се чувствува добро, свесен и комуницира во болницата. Со него се неговата сопруга и татко му, изјави менаџерот на данскиот фудбалер, Мартин Шутс кој во интервју за радиото НПО 1 ја откри состојбата на данскиот репрезентативец, кој попладнево колабира на теренот за време на натпреварот во Копенхаген во рамки на Европското фудбалски првенство. Откако Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме меѓу Данска и Финска, следеше драма на реанимирање која траеше повеќе од десет минути, а данскиот репрезентативец потоа беше изнесен на носилки од теренот, опкружен со чаршафи и не…

Јул 5, 2013

Геј Vs. Болт

Ако го исклучиме блесокот на Јохан Блејк на Светското атлетско првенство пред две години, подолго време ситуацијата на светската спринт сцена е „статус кво“. Сепак, американскиот атлетичар Тајсон Геј, еден од најголемите ривали на Јамајканецот, вели дека „повеќе нема оправдувања“ и оти конечно е физички подготвен да го победи светскиот рекордер и олимписки шампион на 100 и на 200 метри.Геј изјави дека постојаните проблеми со повредите го „излудувале“, додека за тоа време Болт поставувал рекорди и освојувал медали од големите светски натпреварувања.„Нема повеќе оправдувања за неуспесите. Нем…

Јун 28, 2013

Хорхе Лоренцо хоспитализиран

Актуелниот Мoto GP шампион, Хорхе Лоренцо, нема да учествува во преостанатиот дел од Холандското Гранд При бидејќи си ја скрши клучната коска на вториот слободен тренинг на Асен.Возачот на Yamaha, кој што беше најбрз на првиот слободен тренинг во Холандија, ја загуби контролата над својот мотоцикл во брзиот сектор Хог Хеид и по падот се жалеше на болки во левата рака. Неговата повреда беше потврдена по прегледот во медицинскиот центар. Тој ќе остане во болницата во текот на ноќта, а утре ќе отпатува во Барселона каде што ќе биде опериран. {loadposition content9}

Јун 26, 2013

Патиките на Федерер, непожелни во Вимблдон

Едно од строгите правила на Гренд слем турнирот во Вимблдон е тоа што опремата на играчите мора да биде бела, но еден мал детаљ од патиките на Федерер му направи проблем.Организаторите не можеа да му прогледаат низ прсти дури ни на 7-кратниот освојувач на турнирот, па му наредија на Федерер да ги смени патиките со портокалов ѓон.Според строгите правила, производителите на облека мора да пријават каква опрема ќе носат тенисерите кои се нивни заштитни лица и тоа 90 дена пред почетокот на турнирот, но ова правило не важи за производителите на патики.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top