Јан 17, 2014

Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристoвски, вистински „Министер за одбрана“

„Министерот за одбрана“, Борко Ристовски имаше извонредна вечер против австриската селекција, одбранувајќи 19 од 38 шутеви кон неговиот гол (50 проценти), со што беше најзаслужен за триумфот од 22:21, по кој Македонија се пласира во следната фаза.Македонските ракометари ги продолжуваат натпреварите на Европското првенство во Данска, а голманот Борко Ристовски по натпреварот истакна:-Одигравме тежок и квалитетен натпревар против ривал, кој истотака сакаше да пренесе бодови во следната фаза. Нашата репрезентација беше на ниво и колку се сеќавам ова е најдобар старт на репрезентацијата на голе…

Јан 16, 2014

Македонските ракометари вечерва против репрезентацијата на Австрија

Ракометната репрезентација на Македонија, вeчерва, против Австрија ќе го одигра натпреварот од третото коло, во Б групата на Европското првенство. Во пресрет на мечот Австрија има два бода, Македонија и Чешка по еден, додека Данска со две победи веќе обезбеди пласман во втората фаза. Во пресрет на натпреварот има неколку математички варијанти како Македонија може да стигне до втората фаза, а најпосакуваната е во дуелот со Австријците да забележи победа, со што во вториот круг би влегла со два бода. Македонската селекција има позитивно искуство со Австрија, преку оваа репрезентација, низ бар…

Јан 15, 2014

„Australian open“ мака мачи со горештините

Екстремно високите температури кои достигнуваат преку 40 степени им создаваат многу проблеми на сите учесници во Грен слемот „Австралија Опен“.Денеска на вториот натпреварувачки ден во Мелбурн беа измерени 42 степени, а ваквото време предизвика низ откажувања од тенисерите, како и онесвестување на неколку гледачи кои на трибините присуствуваа без заштита од силните сончеви зраци.На еден меч се случи да му се слоши на еден „собирач“ на топчињата.Во сите случаи неопходна беше интервенција од страна на медицинските екипи присутни на терените во Мелбурн.Најкористен метод е „ледениот третман“ по…

Јан 14, 2014

„Златната топка“ повторно во рацете на Роналдо

Кристијано Роналдо, по втор пат ја освои престижната „Златна топка“, која ФИФА му ја доделува на најдобриот играч во светот.Португалецот, во изборот на селекторите и националните селекции кои се членки на ФИФА и новинарите, освои вкупно 1.365 поени. Најдобриот играч и стрелец на Реал, во изборот ги победи Лионел Меси (1.205 поени) и Франк Рибери (1.127 поени).Својот глас за најдобрите во светот на фудбалот во 2013 година го дадоа и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, односно селекторот Зоран Стратев.Интересно, Пандев воопшто не гласал за Роналдо и Меси, напаѓачот на Напол…

Јан 13, 2014

Голманот Ландин, најголемата пречка за македонските ракометари

Данскиот голман Никлас Ландин беше првата најголема пречка синоќа за македонската ракометна репрезентација на отварањето на Европското првенство, откако со 17 одбрани, чуварот на мрежата практично сам ја победи нашата селекција. Ландин фати се што требаше на стартот, Данска направи предност и потоа само рутински го одработи мечот.Данските медиуми, а и соиграчите на Ландин се полни со пофалби за својот голман. Неговиот бравурозeн меч го опишаа како „потврда дека е најдобриот светски голман“. Ландин собра 17 интервенции, имаше околу 61 отсто успешност на одбрани, а мечот го заврши со 46 отсто…

Дек 31, 2013

Покрај тероризмот и временските услови закана за ОИ во Сочи

Руските метереолози не се загрижени дека ќе им недостига снег за време на Зимските Олимписки игри кои ќе се одржат во февруари во Сочи. Тие се загржиени дека Олимписките игри дури може и да бидат прекината заради лавина од снег или слаба видливост.Патеките каде ќе се одржуваат трките имаат од два до седум метри снег и постои ризик дека за време на Олимписките игри ќе има циклон кој ќе трае два-три дена, па ќе има голема закана од лавини.Тие употребуваат експлозив за да иницираат лавини и да го симнат снегот, но тоа може да предизвика нов проблем. Видливоста значително ќе се намали кога ќе п…

Дек 30, 2013

Поранешниот Ф1 првак, Михаел Шумахер се бори за живот

Михаел Шумахер се бори за својот живот по инцидентот на скијачката патека во Мерибел во близина на Гренобл, кога при пад со глава удрил во камен по што е опериран а неговата здраствена состојба е критична.Првичните информации по несреќата беа позитивни, сепак одговорните лица во болницата во Гренобл синоќа соопштија дека состојбата се влошила, новинарите во Франција претпоставуваат дека дошло до крварење во мозокот.Михаел Шумахер се пензионираше и не настапува во Формула 1, тој во кариерата седум пати стана светски првак, победи на 91 трка во Фромула 1 шампионатот и е еден од најуспешните в…

Дек 27, 2013

На Европското ракометно првенство и без Филип Лазаров?

Селекторот Ивица Обрван се соочува со уште поголеми проблеми во пресрет на Европското Првенство во Данска, откако повреда во текот на вчерашниот ден заработил и левиот бек Филип Лазаров. Оваа информација ја објави дневниот весник „Вечер“, потенцирајќи дека не станува збор за мал проблем, туку по се изгледа за скршеница на коска во дланката, што би значело и повеќемесечна пауза за капитенот на „вардарци“.На националниот тим вчера му се приклучи капитенот Кире Лазаров, но наместо со тоа да се крене атмосферата меѓу „црвено-жолтите“, подготовките во Пореч биле нарушени со повредата на Филип. О…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top