Мај 3, 2014

Почна судењето на Еклстон поради корупција

„Уверен сум во позитивен исход, сонцето сјае“, порачал 83 годишниот Берни Еклстон, насмеан влегувајќи во судницата, облечен во темен елегантен костум, бела кошула и темна кравата. На Еклстон му се заканува 10 годишна казна затвор доколку се прогласи за виновен за давање 44 милиони долари мито, помеѓу 2006 и 2007 година, на германскиот банкар Герхард Грибковски, еден од директорите на Bayerische Landesbank (BLB). Берни Еклстон се терети дека го подмитил Грибковски за продажба на комерцијалните права за Формула1. Грибковски требало, како што тврдат обвинителите, да се потруди делот од BLB во …

Мај 3, 2014

Гвардиола изнесен пијан од ноќен клуб

По освојувањето на Бундес лигата, играчите со менаџерот на Баерн Минхен на чело, отишле во ноќен клуб и се опијаниле, тврди ирски новинар. Ирскиот новинар Eamon Dunphy тврди дека за елиминацијата на Баерн од Реал во полуфиналето на Лигата на шампиони е виновна пијанката на Баварците по освојувањето на титулата во Бундес лигата. Dunphy тврди дека од свои извори дознал како таа вечер, Пеп Гвардиола, наводно го носеле пијан од клубот и дека по таа бурна вечер играчите ја смениле сликата за својот тренер. „По освојувањето на Бундес лигата, играчите и стручниот тим на чело со Гвардиола отишле во…

Мај 1, 2014

Тажен јубилеј во светот на спортот

Денес е тажен јубилеј во светот на спортот, точно на денешен ден загина големиот Аиртон Сена. Еден од најголемите возачи во историјата на Формула1 загина за време на трката за големата награда на Сан Марино во 1994 година. Тоа се случи на патеката во италијанската Имола, градче оддалечено 40 километри од Болоња. Во седмиот круг бразилскиот возач излета од патеката и удри во бетонски ѕид. Од камерата која одеше во живо од болидот на Бенетон, на Михаел Шумахер, се видело дека болидот на Сена два пати пролизгал од задната страна. Тоа имаше за последица излетување од патеката во кривината Тамбу…

Мај 1, 2014

Мурињо изненади со изјавата по натпреварот

Менаџерот на Челзи, Хозе Мурињо, не го оспорувал пласманот на Атлетико Мадрид и неговиот пласман во финалето на Лига на шампиони. По 0-0 на Висенте Kалдерон пред една недела, Атлетико во Лондон славеше со 3-1 и во Лисабон во финалето на 24 мај ќе се бори за шампион на Европа со градскиот ривал Реал Мадрид. Челзи во возвратниот натпревар поведе со голот на Фернандо Торес, но фудбалерите на Диего Симеоне направија пресврт, а стрелци беа Адриан, Диего Коста од пенал и Арда Туран. „Пеналот со кој Атлетико поведе и за кој ми рекоа дека е чист, се покажа како клучен момент. До тој момент гостите …

Апр 29, 2014

Кој ќе е прв финалист во Лига на шампиони ?

Историјата е на страна на Баварците, кои на свој терен никогаш не загубиле од Мадриѓаните. Во досегашните 9 средби во Минхен, Баерн славел 8 пати и еднаш одиграле нерешено. Меѓутоа Карло Анчелоти пак никогаш во кариерата не загубил од актуелен европски шампион. Баерн и Рeал досега одиграле пет полуфинални средби во Лига на шампиони, а кралскиот клуб успеал само еднаш да избори пласман во финале. Двете екипи за викендот славеа во своите шампионати, Баерн против Вердер со 5-2, а Реал против Осасуна беше убедлив со 4-0. Тренерот на актуелниот шампион, Пеп Гвардиола изјавил дека неговата екипа …

Апр 23, 2014

“Можеби Баерн е црна мачка за Реал, но не и за мене”

“Баерн не е никаков баук за мене. Јас против нив имам добри резултати”, рекол Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, пред првата полуфинална средба против Баерн Минхен во Мадрид. Како тренер на Милан, Карло Анчелоти со Баерн се сретнал 6 пати и билансот му е одличен. Четири победи и два натпревари нерешени, и ниту еден пораз. “Баерн можеби за Реал е некаква црна мачка низ историјата но не и за мене. Добро поминував со нив, но не можам да кажам дека имам дополнителна самодоверба поради тоа. Она што ми дава самодоверба се моите играчи кои ги имам на располагање. Верувам дека вечерва ќе види…

Апр 23, 2014

Мурињо пратил порака до челниците на Челзи

По бункерот над сите бункери со кој Мурињо повторно се претстави на светот, на пресот бил многу поактивен. “Чудесно го запревме Атлетико. Сакавме да победиме со 5-0, но не одеше”, рекол Мурињо за натпреварот во кој Атлетико имаше дури 26 удари на гол. Некои ќе речат дека Мадриѓаните не створија ниту една чиста прилика за гол, но дали е можно да се создаде прилика кога противникот се брани со 10 играчи. Како било, Мурињо веќе почнал психички да ги припрема своите играчи за возвратниот натпревар. “Ќе го играме натпреварот на животот, за нас тоа е финале пред финалето. Ќе се бориме до крај”, д…

Апр 22, 2014

Тренерски ѕвезди во лов на големото финале

Двете најдобри одбранбени екипи во Шпанија и Англија ќе се сретнат вечерва во првото полуфинале од Лигата на шампиони кое ќе се одигра во Мадрид со почеток во 20.45 часот. Тренерот на Атлетико, Аргентинецот Диего Симеоне, се надева дека неговата екипа вечерва ќе биде во состојба да ги прикрие своите слабости и да ги искористи своите предности и на тој начин да избори поволен резултат за реваншот во Лондон кај Челзи. За Атлетико ова би било сон кој го чекаат 40 години. “Ние и Челзи не сме исти екипи, но делиме слични особини и сличен стил на игра. И ние и тие играме добра одбрана, најдобри в…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top