Јун 10, 2014

Среќа во несреќа за селекцијата на Холандија

Во претходните денови видовме дека можат да се состават два солидни тима со повредени играчи кои нема да учествуваат на Светското првенство, но за среќа на Холандската репрезентација Робин ван Перси сепак не е на тој список, и покрај инцидентот кој го имал. Тој на неверојатен начин се здобил со лесни повреди и гребаници откако го удрил човек со моторен змеј. Ван Перси и неговиот колега од одбраната Дерил Јанмат поминале со лесни повреди и главоболки откако ги удрил еден заљубеник во екстремни спортови со својот змеј на плажата Ипанема. Случајната посета на плажата за малку ќе била фатална з…

Јун 10, 2014

Три новини на Светското првенство во Бразил

ФИФА во Бразил по прв пат официјално ќе ја користи гол-технологија. Судијата ќе добие сигнал на часовникот кој ќе го известува дали топката ја поминала линијата. Новитети на ова Светско првенство се и спрејот, и минута одмор. Голот на Франк Лампард против Германија, на Светското првенство во Јужна Африка, го видоа сите освен судијата. Тој поништен гол ја натера ФИФА сериозно да размислува за воведување на гол-технологијата. Откако имаше тест период, ФИФА одлучи да ја воведе оваа технологија на Светското првенство во Бразил и на судиите да им биде олеснета работата. Тие ќе носат посебен часо…

Авг 29, 2021

Меси денес дебитира за ПСЖ

Меси на почетокот на месецот ја напушти Барселона и се пресели во Париз, но доби повеќе одмор поради настапот на Копа Америка. Сите со нетрпени го очекуваа дебито на Аргентинецот во новиот дрес, а од ПСЖ потврдија дека Меси е повикан за дуелот со Ремс. Очекувањата се Меси да биде стартер вечерва и во нападот да игра заедно со Нејмар и Мбапе.

Јун 8, 2014

Голема провокација на Аргентинците

Аргентинските фудбалери во саботниот натпревар против Словенија, упатиле нова провокација кон Англија. Имено, пред натпреварот во ЛаПлата, гаучосите на терен извадиле транспарент на кој била пораката: “Фолкландските острови се аргентински”. Прашање е како на ова ќе реагира ФИФА која е изнимно чувствителна на политички пораки на фудбалските терени. Фолкландските острови или Малвини, како што ги нарекуваат Аргентинците, од 1833 године се во посед на Велика Британија. Но, бидејќи се наоѓаат пред брегот на Аргентина, тие ги сметаат за свои, а поради тоа во 1982 година двете земји завојуваа. Арг…

Јун 8, 2014

Ѕвездата на Бразил со предупредување до навивачите

Одбранбениот играч на бразилската репрезентација, Дани Алвес, ги повикал своите соиграчи да не допуштат на нив да влијаат големите очекувања од навивачите. Во последниот контролен тест, пред почетокот на Светското првенство, многу потешко од очекувањата Бразил ја совлада Србија со 1-0, а Мундијалот ќе го отворат во четврток против Хрватска. Навивачите во тој меч против Србија не покажале многу разбирање спрема своите миленици. На полувремето кое завршило 0-0, ги испратија со свирежи. “Не смееме да се потпреме само на навивачката поддршка. Навивачите размислуваат со срце, а не со глава, а ни…

Јун 7, 2014

Чилеанците би дале најмногу за титулата на Мундијалот

Најверојатно на Чилеанците им е најмногу важно нивната репрезентација да го освои Мундијалот во Бразил, а секој жител би дал по 526 евра за тоа. Истражувањето на компанијата ING е објавено во 15 држави и вклучува 8000 луѓе со прашањето – Колку пари би дале ако нивната репрезентација ја подигне “божицата” на крајот. Изненадувачки, најмалку пондиле Соединетите Американски Држави, само 37 евра по глава на жител, додека на самиот врв на скалата се Италијаните (464 евра) и Аргентинците (429 евра). Репрезентацијата на Македонија, за жал, не е на Светското првенство, но ако по некој случај успееше…

Јун 5, 2014

Недоразбирања во аргентинскиот табор

Alejandro Sabella, кој од 2011 година ја предводи аргентинската репрезентација, од конечниот список го изостави Ever Banega. И тоа не би било толку страшно ако, играчот за врска на Newell Old Boys, не беше најдобар пријател со главната аргентинска ѕвезда, Lionel Messi. Messi и Angel Di Maria барале од селекторот да го земе  Banega на Светското првенство, но тој тоа го одбил. Новинарите пишуваат дека атмосферата внатре во репрезентацијата е опасно нарушена, а дека Messi и Di Maria на последниот тренинг правеле што сакаат. Аргнтина на Светското првенство е во групата Б со БиХ, Ниерија и Иран.

Јун 5, 2014

Копачките Магиста го менуваат фудбалот

Револуционерната иновативност во перфомансите на обувките продолжува, така што Најк и новите Магиста копачки го редифинирааи изгледот и чувството. Со подобрен контакт, пристапување и припојување, копачките се дизајнирани за креативни играчи. Nike Flyknit технологијата е посебно прилагодена на фудбалот овозможувајќи ногата подобро и попријатно да се спои со копачката, овозможувајќи подобро чувство за топката, но и нејзина контрола. Дизајнерите од Најк соработувале со најдобрите светски плејмејкери, меѓу кои и Андрес Иниеста и Марио Геце. Токму тие им дале вредни информации за своите потреби,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top