Сеп 24, 2014

РК „Охрид 2013“, започна со продажба на блок карти

Од денес Ракометниот клуб РК Охрид 2013, започна со продажба на блок карти.Сите заинтересирани картите може да ги набават од билетарата на спортската сала „Билјанини извори“ или од лицето задолжено за продажба на истите, Гоце Спасески 075/ 202 – 333.{loadposition content9}

Сеп 20, 2014

Еуро 2020 раширен по целиот континент

Честа за организација на завршницата од Еуро 2020, раширена по стариот континент, ја добија 13 градови од 19 колку што беа во конкуренцијата. Вембли ќе ги угости полуфиналистите и финалистите, додека четвртфиналните натпревари ќе се играат во Рим, Минхен, С.Петерсбург и Баку. -Беше тоа сон кој со овој чин станува стварност, рекол Мишел Платини отварајќи ги победничките коверти. Епилогот на приказната донесе најмногу радост кај англиската делегација заради добивање на организацијата за полуфиналето и финалето од Еуро 2020. Освен тоа Вембли е омилена фабрика за пари на Уефа бидејќи една петти…

Сеп 13, 2014

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид пред клучна одлука

Спрема информациите на мадридските медиуми пред дербито со Атлетико, Кристијано Роналдо, сигурно ќе настапи против градскиот ривал. Португалецот наводно го одработил тренингот со полн интензитет и спремен го очекува натпреварот со Атлетико. Имено. Ситуацијата со здравјето на Роналдо е многу енигматична, некои аналитичари во Шпанија се сомневаат дека е спремен за најголеми физички напори. Тој веќе подолго време има проблем со воспаление на тетивата на коленото од левата нога (пателарен тендинитис), поради што не настапи за репрезентацијата на Португалија во квалификацискиот натпревар со Алба…

Сеп 11, 2014

Шпанија завиена во црно

Шпанската непобедлива репрезентација доживеа шок. Браќата Гасол и друштвото не само што нема да го играат долго сонуваното финале со САД, туку нема да освојат ниту медал. Такво нешто ни во лудило не очекуваа. Ослабената Франција без Паркер приреди првокласна сензација победувајќи ја со 65-52, во последните неколку години, најсилната генерација на стариот континент. Иако Французите се европски прваци и минатата година по прв пат ја совладаа Шпанија  во еден голем натпревар, победата во четвртфинале спаѓа во сосема друга категорија. Разликата е во тоа што на ова Светско првенство Шпанците дов…

Сеп 7, 2014

Ибрахимовиќ влезе во историјата

Напаѓачот на шведската репрезентација и на францускиот првак ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, стана втор фудбалер во историјата кој во текот на својата кариера постигнувал голови во секоја минута од натпреварот. Во неодамнешниот пријателски натпревар против Естонија постигна два гола за репрезентацијата, а вториот погодок го постигна во 24 минута и така го комплетира својот неверојатен статистички податок. Ибрахимовиќ за време на својата кариера постигнал 369 голови за ПСЖ, Барселона, Милан, Интер, Јувентус и Ајакс, а интересно е тоа дека најмногу погаѓал во судиското надополнување (90+), дури 25 г…

Авг 28, 2014

Силина на групите пред извлекувањето

Извлекувањето на групите во Лигата на шампиони ќе се одржи во четврток во 17.45 часот во Grimaldi forum во Монако. Најмногу претставници во извлекувањето ќе имаат Шпанците, Германците и Англичаните, по четири тима. Шпанија ќе ја претставуваат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, Германија ќе биде со Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Шалке 04 и Баер Леверкузен, а Англичаните со Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Арсенал. Реал Мадрид ќе ја брани титулата првак на Европа. Лигата стартува на 16 и 17 септември. Попис на учесниците по силина на групите: Група 1 – Реал Мадрид, Б…

Авг 27, 2014

Фудбалската правда е задоволена

Фудбалерите на Зенит, Порто, Марибор, Апоел и Бате Борисов изборија пласман во фудбалската Лига на шампиони. Најголемото изненадување на вечерта го приредија фудбалерите на Марибор кои во Глазгов победија со 1-0 и по 1-1 во првиот натпревар изборија вкупна победа и пласман во Лигата на шампиони. Со тоа е задоволена фудбалската неправда со која административно беше елиминирана Легија од Варшава од истиот анемичен Селтик, иако Легија на терен го потопи со вкупен резултат од 6-1. Голот на одлука го постигна Бразилецот Таварес во 75 минута и така Марибор по втор пат во историјата се пласира во …

Авг 24, 2014

Спортска новинарка открила сексистички смс-и од фудбалери

Додека статите во Англија се полни со скандалот на екс менаџерот на Кардиф, Malky Mackay, кој е под истрага поради откривање на расистички, хомофобни и секситички смс пораки, во Белгија голема прашина во јавноста, крена новинарка. Hilde Van Malderen  неколку години известувала за фудбалот, поточно за екипата на Бриж, а сега одлучила да издаде книга под името “Toys” (играчки), во која се објавени смс пораките, и да открие што се случува во тој “машки свет”. Еве дел од нив: Поранешен фудбалер на Бриж: “ Знаеш дека сакам шампањ? Сакам да те полијам со него и да го излижам од тебе”. Судија во Б…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top