Претседателот на Уефа изјавил дека го поддржува воведувањето на бел картон.
Имено, белиот картон би го добивале играчите кои приговараат кај судијата, што станува пракса кај многу фудбалери. Белиот картон би значел десет минутен одмор за фудбалерот кој приговарал, но Платини рекол дека во таков случај мора стриктно да се одвојат белиот и жолтиот картон, кој би се добивал исклучително само за прекршок.
Исто така, Французинот сака на тренерите да им овозможи право и на повеќе измени, па така по неговата идеја тренерите би можеле уште на полувреме да направат две измени, а во продолжението ушт…
Претседателот на Уефа, Мишел Платини, уште еднаш се осврна на случувањата на прекинатиот натпревар Србија – Албанија.
Србија и Албанија ги очекува тешка казна од Уефа. Прашање е само кој ќе помине полошо, а најверојатно Србија бидејќи во неколку години нивните навивачи направија неколку тешки инциденти. Но, Албанците се лажат ако мислат дека ќе поминат неказнето бидејќи изведоа акција која вклучуваше беспилотно летало и екстремистичко знаме на таканаеречената “голема Албанија” која вклучува делови на Црна Гора, Србија, Грција и Македонија.
“Го чекаме извештајот на судиите, делегатот и офици…
Бизнисменот од Косово, Бесник Бенц, им ветил еден милион евра на фудбалерите на репрезентацијата на Албанија доколку ја совладаат Србија во квалификациите за Еуро 2016.
Бенц бил разочаран што на албанските навивачи не им било овозможено да дојдат во Белград, со закани за нивно апсење.
“Длабоко сум разочаран со реакцијата на државата, која направи голем геноцид над нашиот народ во минатото, а сега не дозволува ниту навивачи да присуствуваат на спортски настан, односно тие нѐ ограничуваат”, рекол Бенц.
“Поради тоа, ветувам, дека во случај на наша победа, ќе уплатам премија од еден милион евра…
Фудбалскиот клуб Барселона и официјално го поддржа правото на каталонскиот народ за самоопределување по повод скорешниот референдум за отцепување од Шпанија, односно независност за Каталонија.
Претседателот на Барселона, Хозе Мариа Бартомеу, потпишал “Национален пакт за самоопределување” кои го поддржале сите најважни каталонски институции. Ако помине референдумот и Каталонија стане независна држава, што во моментов е сосема извесно, без оглед што централата во Мадрид тврди дека нема да ги признае резултатите од референдумот, Барселона ќе мора да ја напушти шпанската лига, така барем тврдат…
Несреќниот Француз, возачот на формула 1 Жил Бјанки, кој во неделата на Големата награда за Јапонија во Сузука доживеа тешка несреќа, има минимални шанси за потполно опоравување, тврдат лекарите.
Возачот веќе трет ден се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата во Јокачи со тешки повреди на мозокот.
“Жил и понатаму е на одделот за интензивна нега. Неговите повреди на главата се тешки а состојбата критична, но стабилна. Вработените во болницата се трудат максимално и овде има надобра можна нега, и затоа ние сме многу благодарни за тоа што го прват за Жил”, објавила фамилијата на неср…
Автомото светот е во шок, а возачите лути поради тешката несреќа која се случи на трката во формула 1 во Јапонија.
На големата награда на Јапонија се случи тешка несреќа откако возачот на Маруси, Жил Бјанки, се бори за живот. Итно е опериран, а потврдено е дека операцијата на главата поминала добро и несреќниот Француз е тргнат од респираторите и е преместен на одделот за интензивна нега.
Бјанки итно е префрлен во болница откако се заби во мобилна дигалка која се наоѓаше покрај патеката. Несреќниот Француз имаше пех бидејќи пред неговото излетување во заштитната ограда се заби Адриан Сутил….
Каталонија се спрема за референдум на 14 ноември оваа година и со кампањата ЗА, тргна и кампањата ПРОТИВ.
Имено, ова се однесува и за фудбалскиот дел од јавноста, а се заговара исфрлање на Барселона од Примера доколку дојде до отцепување на Каталонија.
“Ако Каталонија се осамостои, Барселона и Еспањол нема да можат да играат во шпанската лига. Би морале да го смениме законот за спорт”, рекол првиот човек на шпанската лига Javier Thebes.
Со ова фактички им запретил на челниците на Барселона бидејќи познато е дека тој трофеен клуб отворено го заговара отцепувањето, а во кампањата учествуваат …
Јувентус во недела навечер ја совлада Рома со 3-2 на својата арена, и тоа беше дерби на најголемите конкуренти за титулата и до вчера единствените два тима со максимален учинок. По обичај и ова дерби не помина без контроверзи, а по натпреварот се побуни легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти.
“Пристигнавме во Торино, но сите видовте што се случи. Со години се случуваат исти работи. Не знам дали вечерва нѐ победија судииите, но сигурно не Јувентус”, во лутина и бес изјавил 38-годишната легенда на италијанскиот фудбал.
Судијата Роки досуди во првите 45 минути три пенали, два за Јувентус…