Барселона е спремна да ги напушти Реал и Примера

Барселона во француската лига?

 |  инфодеск  | 

Фудбалскиот клуб Барселона и официјално го поддржа правото на каталонскиот народ за самоопределување по повод скорешниот референдум за отцепување од Шпанија, односно независност за Каталонија.

Претседателот на Барселона, Хозе Мариа Бартомеу, потпишал “Национален пакт за самоопределување” кои го поддржале сите најважни каталонски институции. Ако помине референдумот и Каталонија стане независна држава, што во моментов е сосема извесно, без оглед што централата во Мадрид тврди дека нема да ги признае резултатите од референдумот, Барселона ќе мора да ја напушти шпанската лига, така барем тврдат челниците на шпанскиот фудбалски сојуз.

Некои тоа го толкуваат како додатен притисок на Кастиља врз Каталонија, но јасно е дека судбината на “ел класико” нема да игра посебно важна улога во конечната одлука на каталонскиот народ. Каталонците и Барселона се спремни на сценариото излегување од шпанската лига. Во каталонските медиуми се појавија некои нацрти за иднината на каталонската лига, а сѐ повеќе се шпекулира за тоа дека Барселона и Еспаљол ќе побараат од францускиот фудбалски сојуз да се приклучат во тамошната елитна лига по моделот на Монако од Кнежевството Монако.

Некои каталонски медиуми тврдат дека Французите се загреани за оваа идеја. Не треба посебно да се објаснува што би значело приклучување на Барселона и Еспањол во француската лига која преку ноќ би добила неколку светски дерби натпревари и планетарен публицитет. Каталонците се уверени дека “ел класико” многу брзо би паднал во заборав. Франција е побогата од Шпанија, а француската лига сега е во подем со влегување на странски капитал во некои од нејзините најголеми клубови. Дерби со ПСЖ, Марсеј, Монако Лион, Бордо, Ст.Етиен или Лил би ги полнеле стадионите и ќе привлечат гледачи ширум светот. Каталонците се уверени дека француската лига со Барселона и Еспањол во краток рок ќе стане најсилна на светот.

Во преодната фаза Барселона и Еспањол ќе играат во каталонската лига која освен нив би ја сочинувале уште четири моментални второлигаши и осум третолигашки екипи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top