Јан 29, 2015

Видео: Арда Туран со копачка по судијата

Фудбалерите на Барселона изборија полуфинале во шпанскиот куп на кралот со победата во возвратниот натревар со Атлетико Мадрид со вкупен резултат од 4-2. Нејмар му пресуди на Атлетико со два погодоци, но натпреварот пред сѐ го одбележаа инциденти и лошото судење на Хесус Гил. Најскандалозен момент на натпреварот се случи во 48-та минута кога Арда Туран со сопствената копачка го гаѓаше линискиот судија. Туран остана без копачка во дуелот со двајца играчи на Барселона и очекуваше дека линискиот судија ќе сигнализира прекршок, меѓутоа тоа не се случи. Изиритиран со таквата проценка Туран ја зе…

Јан 28, 2015

Сеп Блатер добива сериозен противкандидат за местото претседател на Фифа

Екс португалскиот репрезентативец и поранешен играч на Реал Мадрид и Барселона, Луис Фиго, е новиот кандидат за местото претседател на Меѓународната фудбалска организација – Фифа. Фиго ќе биде противкандидат на Јозеф Блатер кој е на чело на Фифа уште од 1998 година. Португалецот верува дека е способен да го осветли образот на Фифа и која во последно време е синоним за корупција, лаги и измами, заедно со Блатер на чело. “Моменталната репутација на Фифа е грозна. Не ми се допаѓа тоа што го гледам. На гласачите имам да им порачам само една работа: Не се плашете од промени”, рекол Фиго откако ј…

Јан 23, 2015

ПСЖ и Манчестер Сити жестоко удрија на Реал Мадрид

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан,остро ја критикуваше Уефа велејќи дека има двојни стандарди кога е во прашање финансискиот фер-плеј… ПСЖ и Манчестер Сити се најпогодени од финансискиот фер-плеј на Уефа, со контролата на финансиите односно лимитот на трансфери, што двата клуба ги принуди да продаваат играчи и да купуваат нови засилувања. Францускиот клуб ги прифаќа новите правила на игра, но се прашува како е можно Уефа во исто време на други клубови да им прогледува низ прсти. Парижаните прстот го вперија во Реал Мадрид кој е во огромни долгови, се шпекулира со цифра од 600 милиони евра, иако…

Јан 20, 2015

Реал и Барселона ќе имаат достоен ривал на долги патеки

Кинескиот мултимилијардер Wang Jianlin стана еден од најголемите поединечни акционери на Атлетико Мадрид, актуелниот шпански првак. Во Пекинг е роден некој нов Атлетико, истакнуваат шпанските медиуми. Jianlin е новиот сопственик со 20% акции на мадридскиот клуб, а конечниот договор се случил утрово во Пекинг. Кинескиот тајкун, чие богатство се проценува на 25 милијарди долари, до април оваа година ќе вложи во клубот иницијални 45 милиони евра. Miguel Angel Gil Marin, синот на покојниот Jesus Gil и моменталниот претседател Enrique Cerezo остануваат најголеми поединечни акционери во клубот, G…

Јан 17, 2015

Претседателот на Реал лут на Роналдо и соиграчите

Поразот на Реал Мадрид, во осминафиналето на Купот на кралот, од градскиот ривал Атлетико опасно го налутило претседателот  Флорентино Перез, пишуваат сите угледни шпански медиуми. Односот на силите во глвниот град радикално се сменети во последно време. Реал не е повеќе неприкосновен владател на Мадрид што не е далеку од вистината по испаѓањето од купот од Атлетико. Реал не ја почуствувале сласта на победата во меѓусебните натпревари од финалето на Лигата на шампионите, додека Атлетико забележаа дури три победи над ривалот. Атлетико под водство на Диего Симеоне фантастично се издигна и пов…

Јан 15, 2015

Денес стартува најскапото и најсилно Светско првенство во ракомет

Светското првенство започнува денес со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Бразил во 18.30 часот. На првенството ќе настапат 24 репрезентации од целиот свет, при што 15 се од Европа. Интересно е тоа што Меѓународната ракометна федерација за ова првенство прати и три покани а ги добија Германија, Исланд и Саудијска Арабија. Мнозинството експерти се сложува дека ова ќе биде едно од најизедначените и најквалитетни првенства досега. Репрезентациите се поделени во 4 групи по 6 екипи. И овој пат нема втор круг на натпреварување по групи, туку четирите најдобри во групите ќе се пласираат во осмин…

Јан 15, 2015

И Nike го почести Роналдо за Златната топка

Откако ја освои третата Златна топка, Кристијано Роналдо добил награда и од Nike – копачки украсени со микродијаманти кои досега не ги има никој добиено. Најдобриот фудбалер на денешницата и славниот манекен на Nike, Кристијано Роналдо, на почетокот од годината доби уште едно признание за своите бројни успеси и тоа во прилично екстравагантен облик. Имено, Nike за својата најголема фудбалска ѕвезда дизајнирал посебни копачки Mercurial CR7 Rare Gold украсени, ни повеќе ни помалку туку со микродијаманти! Славниот Португалец така стана првиот сопственик на копачки со ваков скапоцен детал. Mercu…

Јан 14, 2015

Можно ли е Мурињо ова да му го кажал на судијата?

Харизматичниот португалски фудбалски експерт ја обвини судиската организација дека води кампања против Челзи, а англиските медиуми денес отидоа чекор понатаму. Мурињо за време на средбата против Тотенхем, која Челзи ја изгуби со 5-3, беше незадоволен од судењето на Фил Дауд, кој во еден момент му порачал: ”Ти си предебел за да судиш вакви натпревари. Би требало да одиш во пензија. Нас нѐ чиниш бодови”. Хозе Мурињо веќе беше казнуван од страна на Англискиот фудбалски сојуз поради реченицата дека се води кампања против Челзи. Доколку се појават доволно цврсти докази дека и ова е вистина, веро…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top