Апр 3, 2015

Џин од Канада ќе дебитира во NBA

Канадскиот кошаркар со индиско потекло, Sim Bhullar, 22 годишен џин од 226 цм. ќе добие прилика да заигра во NBA лигата откако во четвртокот потпиша десетдневен договор со Сакраменто. Sim Bhullar е роден во Торонто, но ќе стане прв играч со индиско потекло кој облекол дрес на клуб од NBA лигата, а првата прилика да се најде на паркетот ќе ја има во ноќта петок спрема сабота кога Сакраменто ќе биде домаќин на Њу Орлеанс. Сакраменто со Bhullar  потпиша иницијален договор во август минатата година и го прати во својата филијала Reno Bighorns кој се натпреварува во развојната лига. Таму во 39 н…

Мар 30, 2015

Охридските стрелци повторно ја однесоа победата

Во второт Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, Скопје 28.03.2015 првото место во екипен пласман-пионерки им припадна на стрелците од стрелачкиот клуб „Охрид“ со резултат од 474 кругови, во состав:Стефани Ефтимовска (165)Мартина Кочоска   (157)Симеона Милеска (152)Второ место во екипен пласман за пионерките од ЖСК  „Лихнидос“ со резултат од 435 круга, во состав:Луана Попоски (155) кругаМила Василеска(140)Срна Аголи (140)Во поединечна конкуренција Стефани Ефтимовска се пласира на второто место со резултат од 165 кругови (подобрувајќи го за 10 кругови својот резултат од настап…

Мар 28, 2015

Главната (не)спортска вест ширум Европа доаѓа од Подгорица

Хулиганите уште еднаш целото внимание го свртеа на себе и потполно ја расипаа забавата на сите вистински љубители на фудбалот. Судијата на вчерашната средба дури беше и толерантен, по првите два прекини ги враќаше фудбалерите на терен, но третиот пат и нему му дојде преку глава и средбата е прекината, а домаќинот со сигурност ќе го загуби овој натпревар. “Ова е најнезгодната ситуација во фудбалот. Немам што да кажам. Најубава слика беше додека се интонираа химните кога се слушаше ракоплескање”, започал селекторот на Русија Фабио Капело и додал: “Мислам дека натпреварот е со право прекинат. …

Мар 23, 2015

Занимливости кои ги донесе вчерашното Ел Класико

Возбудливото Ел Класико на Ноу Камп понуди мноштво на интерсни податоци… Во последните 14 лигашки натпревари помеѓу Барселона и Реал Мадрид Каталонците славеле дури 9 пати, со две реми и три победи на Мадриѓаните. Интересен е податокот дека Барселона никогаш во историјата не отстварила 18 победи во првите 20 натпревари во календарска година. Така 2015 по овој параметар е најуспешна година за Барселона. Барселона имала посед на топка од 52,36% што е најмалку во целата сезона. Меси со 13 асистенции во Ел Класико стана најдобар асистент на овие натпревари во 21 век. Реал (6) и Барселона (5) …

Мар 22, 2015

Светот вечерва ќе биде парализиран

Меси и Роналдо уште еднаш ќе понудат одговор на прашањето кој во овој момент е најдобар фудбалер на светот. Аргентинскиот генијалец дефинитивно во оваа средба влегува во подобра форма, но и подобра психичка состојба. Меси во натпреварот влегува по неверојатната партија против Манчестер Сити во Лигата на шампиони, кога ги остави навивачите без здив со својата игра. Меси повторно се врати на неверојатно фудбалско ниво по неодамнешните критики дека неговата кариера ја започна надолната линија. Но, Аргентинецот моментално го игра најдобриот фудбал во својата кариера. Од друга страна пак Роналдо…

Мар 21, 2015

Шпанските медиуми откриваат која е причината за “будењето” на Меси

Последниот натпревар во кој чудесниот Аргентинец бриљираше беше оној против Манчестер сити, а од погодоци го спречи феноменалниот Џо Харт. Во втората половина од сезоната Меси го достигна и учинокот на Роналдо на кој цело време му гледаше в грб. Роналдо постигна само пет голови во последните 10 натпревари, додека Меси во исто време запиша 17 погодоци. Ѕвездата на Барселона со тоа достигна 43 погодоци во 40 натпревари оваа сезона. Спрема шпанските медиуми, будењето на Меси или ако може да се нарече препородот е резултат на губењето на тежината и исфрлањето на пицата од неговата исхрана. Така…

Мар 20, 2015

Спектакуларни средби во Лигата на шампиони

Како и секогаш кога ќе останат осумте најдобри екипи во Европа, играта на топчињата во кутијата нуди спектакл. Така беше и овој пат. Амбасадорот на Уефа на овогодишното финале, Карл Хајнц Румениге, прво го извлече ПСЖ и го соочи со големата Барселона. Од останатите четвртфинални натпревари внимание привлекува големото градско дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Во останатите два меча нема воопшто да биде помалку спектакуларно а се среќаваат Порто со Баерн и Јувентус со Монако. Термините за одигрување напрвите средби се на 14 и 15 април, додека возвратните се на 21 и 22 април. {loadp…

Мар 19, 2015

Ждребка без никакви правила за четвртфиналето во Лигата на шампиони

Местото во ждребката го осигураа актуелниот првак на Европа Реал Мадрид, европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто, Монако, Барселона и Јувентус. За разлика од осминафиналето во кое ждребката беше полудиригирана (играа победници на групи со второпласирани во групите, а не можеа и да се состанат клубови од иста земја), во четвртфиналето се можни било кои парови па дури и Ел класико. Интерсно е тоа што пет од овие осум клубови беа во четвртфиналето и минатата година (Реал, Атлетико, Барселона, Баерн и ПСЖ), а нови клубови се Монако, Порто и Јувентус. Втор пат во последнит…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top