Мај 30, 2015

Visa со закани кон ФИФА

Корупцискиот скандал во светската фудбалска федерација може од страна на главните спонзори да биде искористен за раскинување на договорите што на ФИФА во иднина би можело значително да им ги намали приходите. Имено, од 5,7 милијарди долари, колку што ФИФА заработила помеѓу 2011 и 2014 година, од маркетинг биле 29% според финансискиот извештај.Сите најголеми спонзори по апсењето на функционерите на ФИФА, изразиле загриженост. Сепак, Adidas, Coca-Cola, Hundai, Anheuser Bush и McDonald’s засега не покажале знаци дека би можеле да се повлечат од спозорирање.Но, најострата критика доаѓа од компа…

Мај 29, 2015

30 години од големата фудбалска трагедија

Овој петок, 29 мај, се одбележува 30 годишнина од трагедијата на Хејсел во Брисел кога во очи на финалето помеѓу Ливерпул и Јувентус загинаа 39 лица, повеќето навивачи на Јувентус.Иако по бројот на жртвите не е најголема таква несреќа, Хејсел е синоним за фудбалски трагедии, а и покрај случувањата на стадионот, натпреварот е одигран, а Јувентус предводен од Мишел Платини славеше со 1-0.До конфликтот на навивачите на Јувентус и Ливерпул дојде на улиците на Брисел, а тепачките продолжија и на самиот стадион. Се смета дека до инцидентот дошло поради освета на навивачите на Ливерпул кои една го…

Мај 28, 2015

По апсењата во ФИФА се доведуваат под знак прашање СП во Русија и Катар

Швајцарската полиција уапси, во средата наутро во хотел во Цирих, шестмина функционери на светската фудбалска федерација, ФИФА, поради сомнение за корупција тешка 100 милиони долари. Полицијата не ги именувала уапсените, но напоменала дека се лишени од слобода на барање на американското обвинителство кое ги сомничи за примање мито во последните 20 години од претставници на спортски медиуми и промоциски куќи. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, не е во уапсените, наведува Reuters. Спрема наводите на медиумите, најновиот скандал во ФИФА би можел да ги доведе под знак прашање изборот на Русија…

Мај 25, 2015

Првиот првак на Англија конечно го сруши проклетството

Првиот англиски првак и првиот победник на ФА купот на Англија, Престон, од следната сезона ќе игра во Чемпионшип (втора лига на Англија) откако во мајсторката за пласман на Вембли славеше против Свиндон со 4-0. Престон е клуб кој доаѓа од северозападот на Англија, Ленкшир, а основани се во далечната 1888 година и најпознати се по тоа што во таа година го освоиле првото првенство на Англија, а во истата сезона и ФА купот. Тоа го направиле на импресивен начин без примен гол и во историјата влегоа како клуб кој прв ја освоил двојната круна. Актуелниот момент на Престон не е како во далечнат…

Мај 23, 2015

Директорот на Лејкерси објави тажна вест

Генералниот директор на кошаркарскиот клуб Лејкерс од Лос Анѓелес, Мич Купчак, открил за медиумите дека еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, е на крајот од кариерата и дека следната сезона ќе замине во пензија.“Верувам дека е во последната година од кариерата. Нема никаков разговор за продожување на соработката, а на крајот од следната сезона му истекува договорот. Мислам дека нема да има преговори”, изјавил Купчак.“Разговараме од време на време. Се опоравува, трча, ја гради мускулатурата за враќање. Но искрено, поблиску е до пензија отколку до нов почеток на паркетот…

Мај 22, 2015

Историски момент за фудбалот во Белгија

Граѓаните на третиот град по големина во Белгија, Гент, ова го чекаа дури 115 години кога во 1900 година е основан овој фудбалски клуб. На едно коло пред крајот на свој терен го совладаа Стандард од Лиеж со 2-0 со што станаа недостижни за своите главни конкуренти Бриж и Андерлехт и го освоија насловот првак на Белгија по прв пат во историјата. Ghelamco арената експлодира откако судијата го означи последниот свиреж, а 20 илјади навивачи се веселеа со химната на Лигата на шампиони. Звучи малку неверојатно, клуб од третиот по големина град во Белгија по прв пат по 115 години да добие првак н…

Мај 21, 2015

Пресврт во Мадрид, на Бејл му е понудено “наследство”

Мадридскиот спортски весник АС на насловната страница донесува бомбастична најава за заминување на Герет Бејл од Реал. “Бејл бара заминување”, пишува АС и наведува дека тоа на претседателот на клубот, Флорентино Перез, му го пренел агентот на Бејл, Џонатан Барнет. Истиот тој Барнет неодамна беше гласен по медиумите дека Велшанецот е незадоволен бидејќи играчите го бојкотирале на теренот. Но, минатата недела ги отстрани сите сомнежи околу заминувањето. Тврдеше дека Бејл сака да остане во Мадрид и дека ќе успее во клубот во кој секогаш сакал да игра. Сега повторно доаѓа до потполн пресврт,…

Мај 13, 2015

Можно “El clasico” финале во Лигата на шампиони

Преостана само еден натпревар до најзначајниот “El clasico” во историјата. “Тоа би било навистина возбудливо финале. Барселона и Реал за прв пат би се сретнале во финалето на најзначајното натпреварување”, порача стоперот на Барселона Жерар Пике по натпреварот со Баерн, и додал дека не би имал ништо против во финалето да се сретнат со лутиот ривал. Ништо против не би имале ниту Мадриѓаните на кои ова би им било 14 финале и можност за соборување на уште еден рекорд. Минатата сезона падна “decima”, а оваа може да падне првата одбрана на титулата европски шампион, откако се игра форматот Лига…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top