Дек 5, 2008

ЕХФ нема забелешки на организацијата на ракометното првенство

Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија. Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, во врска со сериозните забелешки што ги изнесе раководството на српската ракометна федерација, зборувајќи и во име на ЕХФ. „Српската федерација нема никакво право да изнесува забелешки во име на ЕХФ и таквиот однос од нивна страна е некоректен. Ние сме во постојан контакт со генералниот секретар на ЕХФ Михаел Видерер и од негова…

Дек 4, 2008

Комплетирано првото коло на Европското ракометно првенство

Со одигрување на натпреварите од првото коло во групите А и Б, по вчерашниот ден комплетирано е првото коло на ЕП во ракомет за жени кое се одржува во Скопје и Охрид.Во Скопје, во рамките од А-групата, Данска минимално ја победи Франција со 24 : 23, а Романија беше убедлива против Унгарија и победи со 27 : 21.На табелата водат Романија и Унгарија со по два бода, а Франција и Унгарија немаат освоено бодови.Во Охридската група Б, Украина беше супериорна против Португалија и победи со 38 : 34, додека Шпанија освои еден бод играјќи нерешено 21 : 21 против актуелниот европски првак Норвешка.Во о…

Дек 4, 2008

Федерер во Рим и Мадрид пред Роланд Гарос

Швајцарецот Роже Федерер ќе игра на турнирите во Рим и Мадрид за да што подобро се подготви за Роланд Гарос.Вториот светски тенисер го објави распоредот на турнирите на кои следната година има намера  да учествува, и пред Роланд Гарос има намера да игра само на два турнири. И тоа на турнирите од мастерс серијата во Рим и Мадрид, а од 24 мај ќе усчествува на Ролан Гарос каде оваа година беше проазен од Рафо Надал.„Навистина сум задоволен како ја испланирав оваа сезона и едвај чекам да се соочам со предизвиците во истата„ изјави швајцарецот. Оваа година тој се соочи со повредите на грбот, дод…

Дек 3, 2008

Претседателот на Анортозис сеуште во затвор

Претседателот на фудбалскиот клуб Анортозис, Андреас Пантели останува во притвор, бидејќи истрагата околу финансиските малверзации во тој клуб и понатаму траат.Пантели е задржан во притвор во петокот поради наводна проневера на 420 000 евра, но и поради фалсификување на клубски документи. Локалните медиуми изјавуваат дека Пантели зел пари кој клубот го заработил играјќи во Лигата на шампиони.Анортозис оваа година за прв пат во историјата на клубот игра во Лигата на шампиони и доколку на последниот натпревар го победи Панатенаикос ќе влезе меѓу 16-те најдобри екипи од најелитното европско на…

Дек 3, 2008

Македонија поразена од Германија со 22:25

Македонската женска ракометна селекција синоќа во премиерниот натпревар на 8-то Европско првенство, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, загуби од Германија со 22:25. Во поголемиот дел од натпреварот Македонија држеше резултатски приклучок со германската селекција. Полувремето заврши со водство на Германките од 11:10. Македонските ракометарки на почетокот на вториот дел изедначија 11:11, а потоа и поведоа со 13:12, но по серијата од 5:1 германската репрезентација направи предност што остана недостижна за селекцијата на Македонија. Најпрецизни во македонскиот тим беа Портјанко со осум и Т…

Дек 2, 2008

Се е подготвено за најголемиот спортски настан

Се е подготвено за најголемиот спортски настан од осамостојувањето на Република Македонија, Охрид  и  Скопје од денеска до 14 декември ќе бидат домаќини на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.Подготовоките на кои интензивно се работеше последниов период се готови и тоа навистина добро.Околу спортската сала „Билјанини извори“се обележија паркинг местата, уредени се  зелените површини, поставени се  граничници пред главниот влез, а надворешноста на салата„Биљанини извори“ во Охрид, доби нов лик, се тоа по европските стандарди. Охридскиот градоначелник се осврна на недостаток…

Дек 2, 2008

Федерер го брани второто место

Вториот светски тенисер, швајцарецот Роже Федерер, реши да не му го отстапи второто место на АТП листа на српскиот тенисер, Новак Џокович.Тенисерот го смени планот на турнирите на кои ќе настапи, така да наместо на Аустралиан опен, ќе ја започне новата сезона на 5 јануари на турнирот во Доха.Дека федерер не се пријави за турнирот чив награден фонд изнесува 430 000 долари. Џоковиќ кој истата недела ќе настапи на турнирот во Бризбејн, автоматски со пласманот во второто коло би собрал доволен број на поени за да го преткне швајцарецот, но сега тоа нема да биде случај. Како играат во истата нед…

Дек 2, 2008

Македонија домаќин на Европското ракометно првенство за жени

Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“  во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи.Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија. Групата Б ја сочинуваат екипите на Норвешка, Португалија, Шпанија и Украина.Во третата-Ц група се селекциите на Русија, Шведска, Австрија и Белорусија. Македонската репрезентација е во групата Д со Германија, Хрватска и Србија.Избраничките на селекторот Владимир Гли…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top