Дек 11, 2008

Себастијан Леб сака во Ф1

Петкратниот WRC шампион, Себастијан Леб призна дека сериозно размислува за преминување во Формула 1 во 2010 година.34-годишниот возач на Цитроен ги воодушеви сите гледачи и експерти за време на неодамнешните тест возења на патеката во Каталуња во Барселона каде имаше можност да го тестира болидот на Ред Бул. Минатата година Леб го тестираше и болидот на Рено.„Шефовите на екипите мислат дека сум престар, но не сум ментално и годините не претставуваат пречка за мене. Со оглед каква  е програмата за тестирање за 2009 година, веќе во 2010 година би можел да се најдам во Формула 1“, додаде Леб. …

Дек 11, 2008

Хамилтон засекогаш во Мекларен

Шампионот на најбрзиот циркус на светот, Луис Хамилтон вели дека толку е врзан за мекларен дека никогаш нема да го напушти британскиот тим.„Израснав во Мекларен, тоа е мојот дом и можам да потврдам дека никогаш нема да возам за друг тим“ изјави Хамилтон.Хамилтон стана најмладиот возач во историјата кој ја освои титулата шампион на Формула 1, а како главна причина за таквата поврзаност со Мекларен британецот го истакна присуство на Рон Денис.Многу го ценам Рон Денис и се што тој направи за мене. Да не беше тој кој знае каде јас сега би бил„, истакна возачот на Мекларен.  {loadposition conten…

Дек 10, 2008

Нови анализи од примероците од Олимписките игри во Пекинг

Меѓународниот олимписки комитет објави дека во јануари следната година со помош на нова технологија повторно ќе бидат тестирани допинг примероците земени за време на Олимписките игри во Пекинг.Најголемиот дел од вкупно 500 примероци, земени од натпреварите во кајак и кану, атлетика, пливање и велосипедизам, ќе бидат обработени во антидопинг лабораториите во Лозана кои ги одобри Светската анти-допинг агенција.За анализирање на 400 примероци ќе бидат користени анализа на крвта, за прв пат направен на овогодинешниот Тур де Франс. Останатите 100 примероци од урина ќе бидат тестирани со помош на…

Дек 10, 2008

Шпанија со големо изненадување

Репрезентативките на Шпанија приредија големо изненадување во првото коло од втората рунда на средбите коишто се играат во групата М1 во Охрид откако успеаја да го совладаат составот на Романија со 26:18.Со одлична игра пред с$ во финишот од средбата Шпанија успеа да го добие овој меч и тоа со разлика далеку поголема од она што можеше да се очекува.Првото полувреме донесе многу интересен натпревар во кој и двете репрезентации имаа свои периоди. Романките беа многу поквалитетни до 20 минута кога водеа со 6:4, но како одминуваше времето Шпанија успеваше да се врати во игра. Израмни на 6:6 и д…

Дек 9, 2008

Германките во полуфиналето

Како одминува првенството германките играат се подобро. Со денешната победа над Шведска тие го направија првиот чекор кон полуфиналето. Стартот на првото полувреме беше фуриозно за „панцирките“. Поведоа со 9-0 со извонредната серија во која Јурак и Валцик беа незадржливи за голманката на Шведска, Каин. Првиот гол ракометарките на Шведска го постигнаа во 15-та минута како најава за добра игра во вториот дел од полувремето. Тој период на средбата трите круни го решија во своја корист со 11-4 и на одмор заминаа само со негатива од 4 голови 11-15. И наместо да продолжат во исто темпо повторно п…

Дек 9, 2008

„Златната канта“ за Кварезма

Фудбалерот на Интер, Рикардо Кварезма е проглаасен за најлошиот играч на годината во италијанската прва лига.Кварезма во традиционалната анкета на државното РАИ радио го освои трофејот „Златна канта“, а пред две години признанието замина во рацете на италијанскиот шампион, бразилецот Адријано.Како што е објавено на веб страната на радиото, португалскиот репрезентативец освои речиси дипло повеќе гласови од второпласираниот напаѓач на Фиоежрентина Кристијано Виери.Кварезма во Интер дојде летово од Порто за сума од 18,6 милиони евра. Тој досега за италијанскиот тим изигра десет натпревари и по…

Дек 8, 2008

Ракометарките за освоен медал, доживотна пензија

Македонските ракометарки ќе добијат спортско признание, доживотна пензија доколку освојат медал (златен,сребрен или бронзен) на Европското првенство.Ракометарките по вчерашната победа над Србија успеаја да се пласираат во вториот круг на ЕП и ќе добијат по 10.000 илјади евра за секоја наредна победа во овој круг.Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски најави дека македонските ракометарки за освоено петто или шесто место ќе се стекнат со стипендија од меѓународна категорија во вредност од 1,3 просечни плати во наредните две годиниДодека за освоено до четврто место ќе се с…

Дек 8, 2008

Кристиано Роналдо добитник на „Златна топка

Фудбалерот на англискиот клуб „Манчестер Јунајтед“, Португалецот Кристиано Роналдо ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во Европа за 2008 година во анкетата на француското списание „Франс Футбол“.Резултатите од анкетата беа познати уште на 2 декември, но наградата му беше врачена денеска на грандиозна свеченост, која директно се пренесуваше на француската телевизија.На церемонијата присуствуваше целото семејство на Роналдо, како и неговиот тренер Алекс Фергусон.„Многу сум среќен. Ова е мојата желба уште од детство. Отсекогаш сум посакувал да ја добијам оваа награда еден ден. Многу …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top