Аргентина и Лионел Меси повторно останаа со празни раце во големо финале. Откако го загубија финалето на Светското првенство од Германија, сега го изгубија и финалето на Копа Америка од Чиле. На националниот стадион во Сантијаго, пред 49.000 гледачи, Чиле славеше со 4-1 по изведување на пенали, а во регуларниот дел по 120 минути резултатот беше 0-0.
За Аргентина пенали промашија Игуаин кој стрелаше високо над голот и Банега на кого Браво му го одбрани пеналот. Само Меси погоди, а преостанатите изведувачи не добија ниту прилика да шутираат. Последниот пенал за Чиле мајсторски го изведе Алек…
Перу пред четири години во Аргентина ја освои бронзената медаља откако во полуфиналето беше поразен од тогашниот првак на Копа Америка Уругвај, а потоа славеше против Венецуела. Овој пат ривал во натпреварот за третото место беше Парагвај, финалистот од Аргентина во 2011 година.
Перу беше подобар на теренот, но не успеа да го скрши противникот во првите 45 минути. Помалку од 180 секунди му беа потребни во продожението на натпреварот со фантастичниот удар од 16 метри, во пад, на Кариљо да го доведе Перу во заслужено водство.
Можеа Перуанците да го решат натпреварот потоа, но топката едност…
Сезона без освоен трофеј, што за Реал е рамно на дебакл, ги потенцираше бројните проблеми кои во текот на целата сезона се јавуваа во соблекувалната на кралскиот клуб.
По големата бура која се крена околу работата на лекарската служба на Реал и одлуката на претседателот Перез, и покрај негудувањата на најголемите ѕвезди, меѓу нив и Роналдо, да го остави на чело својот пријател др. Хесус Олмо, се појави нова афера во лекарскиот тим на Реал.
Имено, на адреста на Реал Мадрид и до најголемите шпански медиуми пристигнало протестно писмо на CFCM факултетот за професионални физиотерапеути на гра…
Фудбалската репрезентација на Аргентина на импресивен начин се пласира во финалето на Копа Америка откако во полуфиналето го декласира Парагвај со 6-1.
Головите за Гаучосите ги постигнаа Маркос Рохо (15), Хавиер Пасторе (27), Анхел Ди Мариа (47,53), Серхио Агуеро (80) и Гонзало Игуаин (83), додека стрелец за Парагвај беше Лукас Бариос (43). Лионел Меси повторно не се запиша во листата на стрелците, но беше еден од најдобрите играчи на натпреварот.
“Беше тоа наш најдобар натпревар на првенстовто. Не постигнувавме голови бидејќи не игравме добро. Но, против Парагвај сѐ си дојде на место. Б…
Јунак на двобојот беше Едуардо Варгас кој со два погодоци, од кој едниот ќе биде во конкуренција за најдобар на годината, ги внесе Чилеанците во финале, по прв пат по 28 години. Иако настапува уште од 1916 година, Чиле ќе се обиде да го освои првиот наслов на Копа Америка.
Перу беше рамноправна екипа, дури еднаш ја погоди и стативата во првите 20 минути. Но, тогаш Карлос Замбрано поради невнимателен старт доби втор жолт картон односно црвен, а потоа Чиле започна да ја плете мрежата околу перуанскиот гол, а тоа се исплатеше во 42 минута кога Варгас по одбиената топка од стативата ја испрати…
Сите, освен навивачите на Парагвај, се надеваа на полуфинален меч помеѓу Аргентина и Бразил, меѓутоа репрезентацијата на Дунга не успеа без Нејмар да го прескокне незгодниот Парагвај. Иако добро стартуваше во натпреварот, Бразил за време на сите 90 минути беше поприлично блед, односно Парагвај беше подобар и заслужено избори полуфинале.Да потсетиме дека најдобриот бразилски фудбалер Нејмар немаше право на настап бидејќи во 2 коло од групите заработи црвен картон поради дивјачко однесување и беше казнет со 4 натпревари неиграње.Бразилците поведоа во 15 минута со голот на Робињо, но во 71 мин…
Регуларниот дел на натпреварот, како и дополнителните 30 минути од продолженијата завршија без погодоци, иако Аргентина беше значително подобар противник на теренот. Двете најдобри прилики на натпреварот ги имаа Меси и Агуеро, меѓутоа фантастичниот Оспина во двата наврати ја сочува мрежата на Колумбија.
Колумбија во овој натпревар имаше јасна цел – да го сочува својот гол. Во тоа и успеа, па победникот на натпреварот мораше да биде одлучен со изведување на пенали.
Првите шест изведувачи беа милиметарски прецизни, но потоа настана нервоза. Најнапред за Колубија во четвртата серија промаши …
Консултантската компанија Brand Finance објави листа на највредните светски фудбалски брендови
Како што пишува Goal.com, Манчестер Јунајтед е првиот клуб во историјата на фудбалот кој ја премина границата од една милијарда евра по својата вредност. Минатата година Јунајтед беше трет на листата највредни клубови во светот, но сега ги премина Баерн и Реал Мадрид. Така, на листата која на крајот на секоја сезона ја објавува угледната консултантска куќа Brand Finance, Манчестер Јунајтед како бренд вреди фантастични една милијарда и 105 милиони евра.
“Најголемата сила на Јунајтед е во големиот…