Најголемиот филипински спортист на сите времиња боксерот Ману Пакуао успеа да го забележи историскиот успех за спортот во оваа земја. 30 годишниот Пакуао во Лас Вегас во борбата вредна за шампионска титула на светот во верзијата ИБО во вертер категоријата го победи Рики Хатон. Со оваа победа Филипинецот стана светски шампион во шест различни категории.Филипинскиот боксер со прекин на борбата во втората рунда ја освои светската шампионска титула во вертер категоријата, верзија ИБО победејќи го Рики Хатон. Пакуао два пати го нокаутираше Хатон во првата рунда додека во втората рунда со лево к…
Светскиот шампион во Мото ГП, Валентино Роси, ја почна трката во Херез за Големата награда на Шпанија во мотоциклизам од четвртото место, за на крајот со кренати раце да ја прослави својата прва победа сезонава. Возачот на Јамаха го престигна водечкиот Дани Педроса десет круга до крајот и подоцна ја заврши трката од 27 круга со предност од 2,7 секунди во однос на Шпанецот. Австралиецот Кејси Стоунер од Дукати го зазеде третото место.Победата го искачи Роси на врвот на табелата во најсилната мотоциклистичка класа со вкупно 65 поени од првите три трки сезонава. Стоунер е втор со 54, а Педроса…
Два дена откако имаше собраќајна несреќа, атлетичарот Усеин Болт најави дека за една недела ќе им се врати на тренинзитеЈамајканецот Усеин Болт кој ги држи светските рекорди во трките на 100, на 200 метри и штафета четири пати по 100 метри, но кој е и трикратен олимписки шампион од игрите Пекин 2008, во средата имаше многу среќа. Иако излета од патот со својот автомобил, од полууништеното возило излезе само со мали повреди. Сега откако поминаа речиси два дена од тој настан, Болт вели дека размислува за една недела да му се врати на тренингот.Усеин Болт, атлетичар“Докторите се сигурни дека…
На донеодамнешниот извршен шеф на Мекларен, Рон Денис, кој се повлече од Формула 1 во екот на аферата со лажењето на судиите на трката во Мелбурн, во четвртокот навечер му беше доделена награда за животно дело.Денис, кој помина повеќе од четири децении во мотоспортот, го прими признанието од спортската индустрија и веднаш подели комплименти за своето „семејство“ во Мекларен.„Моето присуство во трките од Формула 1 почна во 1966 година и во текот на овие 43 години таа беше моја животна страст“, изјави тој. Примајќи ја наградата во Лондон од двајца свои некогашни возачи, Алан Прост и Мика Хаки…
Хамбургер со една нога е веќе во финалето на УЕФА-купот, а пресметката за пехарот во Истанбул му се насмевнува и на Шахтјор, по првите дуели од полуфиналето на купот на УЕФА.Хамбургер со 1:0 славеше кај Вердер во Бремен, а Шахтјор се избори за реми 1:1 кај Динамо во Киев.Шахтјор извлече одлично реми со постигнат гол на гости во Киев против Динамо, што го носи во подобра позиција за пласман во последното финале на УЕФА-купот.На „Валери Лобановски“ стадионот, домашниот тренер Јури Семин се надеваше на првата победа во последните пет средби со украинскиот конкурент, откако на средина од првото…
Најбрзиот човек на светот, 22 годишниот Усаен Болт од Јамајка, имаше сообраќајна несреќа.Повредено му е стапалото. Несреќата се случила во близина на неговата куќа, откако при голема брзина ја загубил контролата врз спортскиот автомобил БМВ и излетал од патот. Со него биле и неговиот брат и непозната девојка. Атлетичарот бил однесен во болница, но набрзо бил пуштен на домашно лекување. Засега не се знае дали повредата на левото стапало ќе влијае врз атлетската сезона на овој носител на рекордите од Олимписките игри во Пекинг минатата година. За евентуално повлекување од трките ќе одлучува н…
Казната за лажењето на судиите на трката во Мелбурн ќе се активира ако тимот во следните 12 месеци стори нов прекршок.Мекларен доби условна забрана за настап на три трки за намерно доведување во заблуда на судиите на трката за Големата награда на Австралија во март, соопшти Интернационалната автомобилистичка федерација. Таа дообјаснува дека начинот на кој шефот на екипата Мартин Витмарш се извинил за инцидентот бил земен предвид откако тимот на светскиот шампион Луис Хамилтон беше обвинет по пет основи за нарушување на угледот на овој спорт. „Имајќи ги предвид отворениот и искрен начин на к…
Менаџерот на „Арсенал“, французинот Арсен венгер, свесен е дека топџиите можат да бидат и повеќе од среќни што на полуфиналната средба вчера против манчестер поминаа само со еден гол.„Примивме само еден и среќа што застанавме само на тоа. Манчестер е подобар тим и на самиот почеток имаа неколку шанси после кои резултатот можеше да биде и пострашен“, -изјави Венгер после натпреварот.„Сакавме но не бевме креативни колку што сакавме да бидеме. Манчестер беше силен и цело време не држеа в рака. Среќни сме што вака завршивме, но ветуваме и подорба игра понатаму. Шансите за натаму не се намалени….