Болт се повреди

Најбрзиот човек на светот, 22 годишниот Усаен Болт од Јамајка, имаше сообраќајна несреќа.

 |  Крсте Голабовски  | 
Usein Bolt
Усеин Болт

Најбрзиот човек на светот, 22 годишниот Усаен Болт од Јамајка, имаше сообраќајна несреќа.
Повредено му е стапалото. Несреќата се случила во близина на неговата куќа, откако при голема брзина ја загубил контролата врз спортскиот автомобил БМВ и излетал од патот. Со него биле и неговиот брат и непозната девојка. Атлетичарот бил однесен во болница, но набрзо бил пуштен на домашно лекување.

Usein BoltЗасега не се знае дали повредата на левото стапало ќе влијае врз атлетската сезона на овој носител на рекордите од Олимписките игри во Пекинг минатата година. За евентуално повлекување од трките ќе одлучува неговиот тренер Глен Милс. Првата трка му е задутре во Кингстон, Јамајка, а за 17 мај е најавено негово промотивно претставување со Кристијано Роналдо во Манчестер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top